ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ГЕРМАНИЈА
Финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, што ќе се одржи на 9 јули во Берлин, ќе биде одиграно со топка со златна боја, а репрезентацијата што ќе ја освои титулата шампион наредните четири години сите натпревари ќе ги игра со таква топка, објави денеска лондонскиот весник "Тајмс". На претстојниот Мундијал во Германија, прв пат од 1994 година, фудбалерите на сите натпревари до финалето ќе играат со топка со црно-бела боја. Авторот на топката, познатиот светски производител на спортска опрема "Адидас", наведува дека се одлучил на таков дизајн на топка бидејќи станува збор за "традиционална германска боја". Портпаролот на "Адидас", Ане Пуц истакна дека топката со која ќе се одиграат натпреварите на Светското фудбалско првенство во Германија, е наречена "Тимгајст". На претходното Светско првенство во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја натпреварите се одиграни со топка украсена со симбол на оружје, што се користи во боречките вештини. Последниот шампионат на кој топката не била украсена со никаков логотип е одигран во 1966 година во Англија, кога титулата првак ја освои домашната репрезентација. ВАСОВСКИ НАЈДОБАР НА ВЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ФРАНКФУРТ И АРМЕНИА БИЛЕФИЛД Е ОЦЕНА НА ПОВЕЌЕТО ГЕРМАНСКИ ВЕСНИЦИ ВАСОВСКИ ГО ДОНЕСЕ ФРАНКФУРТ ВО ФИНАЛЕТО КАДЕ ФРАНКФИРТ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ИЗЛЕЗ ВО ЕВРОПА (КУП НА УЕФА) |


0 Comments:
Post a Comment
<< Home