Thursday, April 13, 2006

НОВОСТИ

Костиќ и Адо со отказ од Вардар
* "И покрај неоспорната биографија, и вчера но и низ целокупниот тренажен процес претходно Адо не не убеди во своите квалитети па затоа и беше изоставуван од составот", вели Канатларовски.Двете најзвучно најавени засилувања во редовите на "црвено-црните" во зимскиот преоден рок, поранешните репрезентативци на СЦГ и Гана, Владан Костиќ односно Даниел Адо, откако објективно не ги задоволија вкусовите на комплетниот стручен штаб на Вардар во наредниве денови од страна на управата на клубот ќе бидат ослободени од обврските.Последната шанса да го убеди шефот на стручниот штаб, Драган Канатларовски, во своите биографски квалитети Адо ја имаше на вчерашната тест средба на првотимците на Вардар со младинскиот погон на клубот, но успеа само уште еднаш да ја потврди исправноста на одлуката на Канатларовски да го изостави од составот на претходните првенствени дуели. Адо, и покрај неоспорно "силното" фудбалско минато, и на вчерашниот контролен натпревар покажа дека е далеку од она што вистински му е неопходно на нашиот најтрофеен клуб на средината на теренот. Објективно не ги оправда очекувањата па неговото заминување, без ниту една одиграна официјална минута за Вардар, беше неизбежно."И покрај неоспорната биографија, и вчера но и низ целокупниот тренажен процес претходно Адо не не убеди во своите квалитети па затоа и беше изоставуван од составот. Во генералната стратегија на клубот сигурно во иднина предност ќе имаат нашите млади фудбалери кои се иднината и на Вардар но и на македонскиот фудбал воопшто", е ставот на Канатларовски.Слична е приказната и со интернационалецот од СЦГ, Владан Костиќ, кој за "црвено-црниот" состав одигра 45 минути на натпреварот против Македонија ЃП, но истотака апсолутно неубедливо. Костиќ поради болест вчера не го одигра натпреварот со младинците меѓутоа се поизвесно и неговото враќање во СЦГ.В.Булатовиќ ПРВОТИМЦИТЕ ПОДОБРИ ОД МЛАДИНЦИТЕ ЗА ТРИ ГОЛАНухији и Мишковски - стрелаатАрбен Нухији на двапати и Ненад Мишковски беа стрелци за првиот тим на "црвено-црните" кои вчера со 3:0 ги совладаа своите помлади колеги од клубот, на тест средбата која се одигра на помошното игралиште покрај Градскиот стадион.Поголемиот дел од фудбалерите кои го "носат товарот" во пролетниот дел од сезоната вчера го одработија само претпладневниот тренинг, а на дуелот со младинците настапија: Здравковиќ, В. Димитровски, Бранковиќ, Мишковски, Ѓурчевски, Бандулиев, Деилсон, Адо, Нухији, Глигоровски и Каптиев.Во текот на средбата полесен тренинг одржаа Вучина Шчепановиќ и Ертан Демири, кои по повредите, полека се враќаат со активните подготовки


Македонските "проектили" - незапирливи

Стадион: "Стад де ла Фронтиер" во Еш. Гледачи: 625. Главен судија: Алексеј Кумбаков. Помошници: Вјачеслав Биков и Станислав Савицки (сите од Белорусија).


ЛУКСЕМБУРГДидерих Де СоусаКинцифер Шнел * Ленен Хофман Муч ** Муховиќ ЈоакимКитене*** Милак 46' Колет62' Бинсфелд73' Саграмола
МАКЕДОНИЈАМаџоскиТодоровски ***ШиковСелими Попов *ОсманиБајрамиМитревБрњарчевскиТричковскиСавиќ **Неџипи 37'Тонев 56'Костовски 73'



Стрелци: Бајрами 20', Шиков 49' и Неџипи 70' (М).Македонската репрезентација до 21 година си обезбеди место во квалификациската група 11 за пласман на Европското првенство, каде ја очекуваат Шведска и Данска откако синоќа ја "торпедираше" соодветната селекција на Луксембург совладувајќи ја со 3:0.Очигледна беше разликата во класи меѓу двата состави, па на сите присутни на стадионот во Еш уште од самиот почеток им беше јасно дека прашање е само со колкава разлика ќе победи македонската селекција. Избраниците на Роланд Шак во ниту еден сегмент од играта не можеа да им се спротистават на расположените фудбалери кои дојдоа од јужниот дел на Балканскиот полуостров. Македонија ги имаше Тричковски, Савиќ, Османи, Неџипи кои демонстрираа европски фудбал и сосема заслужено без сомнение ќе ги продолжат натпреварите во квалификациите. Домашните фудбалери може да бидат среќни што мрежата на нивниот голман Дидерих не беше и дополнително "наполнета".Репрезентацијата на Луксембург и пред самиот натпревар важеше за аутсајдер меѓутоа мора да се признае дека домашната спортска јавност очекуваше посилен отпор. Како и да е, приказната околу овој двомеч е веќе завршена а реванш натпреварот во Прилеп ќе биде иста формалност. Минута по минута...0:1 - 20' - Брза акција на средината од теренот по која Бајрами со извонреден удар од 25 метри го совлада Дидерих.26' - Савиќ со глава преку голот на домашните.27' - Попов во одлична можност за погодок но шутира директно во домашниот голман.29' - Убава акција на Тричковски и Савиќ меѓутоа вториов шутира покрај голот.39' - Неџипи излегува осамен пред Дидерих меѓутоа голманот на Луксембург одлично интервенира.0:2 - 49' - Шиков од слободен удар од околу 20. метри испраќа вистински неодбранлив проектил кон домашниот гол.0:3 - 70' - По една соло акција Неџипи постигнува евро гол совладувајќи го Дидерих со удар од околу 20 метри.78' - Продор на Митрев кој од 15 метри шутира меѓутоа Дидерих спасува уште еден гол во сопствената мрежа.
МИРСАД ЈОНУЗ:Можевме да ги "наполниме""Како што и реков по ждрепката, дека ќе победиме, ние навистина победивме. Мислам дека со овој триумф од 3:0 веќе го решивме во нашата корист учеството во групата со Шведска и Данска. Што се однесува до самиот натпревар, во првите 5-10 минути ја немавме контролата на теренот, како да се 'баравме'. Но како што одминуваше времето с$ си дојде на своето место. Фактот дека ова е нова селекција, исто така фактот дека пред натпреварот не можевме да сметаме дури на шестмина репрезентативци мораме да бидеме задоволни како од играта така и од резултатот. Во финишот на мечот бевме толку доминантни што можевме фудбалски кажано да ги 'наполниме'", изјави веднаш по натпреварот селекторот на нашите надежи. Попов со повреда на менискусотГоран Попов во 37. минута поради повреда мораше предвреме да го напушти теренот. Според првичните информации од Еш, станува збор за повреда на менискусот. Сепак, дефанзивецот на нашата млада репрезентација не се знае колку ќе отсуствува од фудбалските терени.


Челзи со три номинации


Шампионот Челзи доби најмногу номинации во изборот за фудбалер на годината во Англија. Минатогодишниот победник Џон Тери повторно е на листата, а од неговите соиграчи друштво му прават Френк Лампард и Џо Кол. Капитенот на Ливерпул, Стивен Жерард, и асот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни исто така се на листата. Двојниот освојувач (2003 и 2004) Тиери Анри е единствениот странец кој се наоѓа меѓу номинираните. Со оглед на тоа што има само 20 години Руни е во конкуренција и за наградата за млад фудбалер на годината, која ја освои минатата сезона. Нему друштво му прави соиграчот Кристијано Роналдо. На тандемот од Олд Трафорд конкуренција за оваа награда им се Арон Ленон (Тотенхем), Антон Фердинанд (Вест Хем), Дарен Бент (Чарлтон) и Цеск Фабрегас (Арсенал). Прогласувањето на победниците ќе се случи на 23 април во Лондон на гала церемонијата во хотелот Гросвенор Хаус.


Меси го пропушта првиот дуел со Милан


Младиот фудбалер во тимот на Барселона, Лионел Меси, најверојатно, ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со Милан бидејќи ја обнови повредата на бутниот мускул на десната нога. Аргентинскиот плејмејкер нема да може да тренира додека сосема не заздрави, соопшти каталонскиот клуб. Меси не играл за Барселона од 7 март и натпреварот со Челзи, кога за првпат се повреди, а од каталонскиот гигант потврдија дека нема да биде во тимот ниту на утрешниот натпревар со Виљареал од Примера.Иако има само 18 години, Лионел Меси уште сега е важен дел од репрезентацијата на Аргентина и очекува да биде на списокот на Хозе Пекерман за Светското првенство во Германија, кое почнува на 9 јуни. "Гаучосите" на Мундијалот ќе бидат во иста група со Србија и Црна Гора, Холандија и Брегот на Слоновата Коска. Инаку, првиот натпревар Милан и Барселона го играат во вторник на Сан Сиро, додека реваншот е на 26 април на Ноу Камп.


Јуве тргна по Барзаљи и Пасквал


Јувентус ќе ја засилува својата одбрана во текот на летниот преоден рок, а нивниот избор падна на Мануел Пасквал и Андреа Барзаљи. Извршниот директор на Јуве, Лучјано Моџи, веќе работи на нивните трансфери. Левиот бек на Фиорентина, Пасквал, летово дојде на Артемио Франки од Арецо, клуб кој поседува половина од неговите права. Јуве веќе работи на тоа да го откупи делот на Арецо, а Фиорентина ќе се убедува со понудата да избира меѓу Бласи и Киелини. "Виолетовите" не кријат дека се заинтересирани за Бласи, а Киелини минатата сезона играше одлично за нив и токму Пасквал е негова замена.Палермо вчера порача дека нема намера да ги продава своите најдобри фудбалери, но се верува дека Јуве од порано ја има првата опција за Барзаљи. За неговите услуги Јуве ќе го понуди напаѓачот Фабрицио Миколи, кој е позајмен во Бенфика, а ако тоа не е доволно ќе го додадат и Никола Легротаље, кој сезонава игра за Сиена.


Хидинк, и официјално, селектор на Русија
Руската фудбалска федерација вчера и официјално потврди дека по завршувањето на Светското првенство во Германија, ова лето, Гус Хидинк ќе ја преземе репрезентацијата на оваа земја. Со тоа Русите ставија крај на сагата за иднината на холандскиот стручњак, кој последните неколку месеци беше поврзуван со неколку екипи и репрезентации од целиот свет. Хидинк од порано најави дека по Мундијалот ќе се повлече од селекторската функција во австралискиот национален тим и од тренерското место во ПСВ Ајндховен, кој веќе ја одбрани шампионската титула во Холандија. Русија не избори пласман на првенството, кое почнува на 9 јуни, додека Австралија ќе учествува, за првпат по пауза од 32 години. Руската федерација соопшти дека Хидинк ќе дојде утре во Москва за официјално да биде промовиран пред јавноста во оваа земја, а соработката со него ќе трае две и пол години. "Вредно работевме за да пронајдеме кандидат за ова место. Се сретнавме со многу стручњаци, вклучувајќи и неколку од Русија, но на крајот, сепак се одлучивме за Гус Хидинк", изјави претседателот на Федерацијата, Виталиј Мутко.За првите две години Холанѓанецот ќе добие два милиони евра, додека ако двете страни бидат задоволни, договорот може да биде продолжен до 2010 година.


Бент побара шанса од Ериксон
Напаѓачот на Чарлтон, Дарен Бент го повика селекторот на англиската репрезентација, Свен Горан Ериксон, да му даде шанса во националниот тим на претстојното Светско првенство во Германија. Младиот фудбалер смета дека заслужува да добие повик во "Гордиот албион" заради тоа што досега оваа сезона постигна 20 гола во рамките на Премиер-лигата и англиските купови за својот Чарлтон. Ако се знае дека с$ уште е неизвесна рехабилитацијата на Мајкл Овен, 22-годишниот голгетер е убеден дека тој би бил идеална замена за него. Поддршка за ова Бент доби и од својот менаџер Алан Карбишли, кој се спомнува како еден од кандидатите за наследници на Ериксон на селекторската функција."Очигледно е дека англискиот национален тим има проблеми во нападот, така што единствен начин да се обезбеди место е да се постигнуваат голови. Сметам дека заслужив шанса да се најдам во репрезентацијата, особено заради повредата на Мајкл Овен. До почетокот на Светското првенство има уште неколку подготвителни натпревари, така што може да се променат некои работи", изјави младиот фудбалер.

И ЗА КРАЈ ЕВЕ ГИ ФУДБЛСКИТЕ ДВОЈКИ СИТЕ ПОИНТЕРЕСНИ ЛИГИ ВКЛУЧУВАЈКИ ЈА И МАКЕДОНСКАТА ЛИГА

МАКЕДОНСКА
Шкендија 79
Влазрими
16.04 15:00
Башкими
Победа
16.04 15:00
Беласица Г.Ц.
Македонија Ѓ.П.
16.04 15:00
Ренова
Вардар
16.04 15:00
Цементарница 55
Работнички К
16.04 15:00
Силекс
Брегалница К
16.04 15:00

ПРЕМИЕР


Portsmouth
Arsenal
(0:1) 1:1
Man. Utd.
Sunderland
14.04 20:45
Bolton
Chelsea
ТВ 15.04 13:45
Everton
Tottenham
15.04 16:00
Fulham
Charlton
15.04 16:00
Newcastle
Wigan
15.04 16:00
Portsmouth
Middlesbrough
15.04 16:00
West Ham
Man. City
15.04 16:00
Arsenal
WBA
ТВ 15.04 16:00
Aston Villa
Birmingham
16.04 13:00
Blackburn
Liverpool
ТВ 16.04 15:30

БУНДЕС ЛИГА


Bayern
Bielefeld
15.04 15:30
Frankfurt
Mainz
15.04 15:30
Duisburg
Hamburger
15.04 15:30
Wolfsburg
Werder
15.04 15:30
Hertha
Dortmund
15.04 15:30
Leverkusen
Monchengladbach
15.04 15:30
Schalke
Koln
15.04 15:30
Nurnberg
Kaiserslautern
16.04 17:30
Hannover
Stuttgart
16.04 17:30

СЕРИЈА А


Milan
Inter
14.04 18:00
Cagliari
Juventus
15.00 15:00
Chievo
Messina
15.00 15:00
Empoli
Siena
15.00 15:00
Lazio
Livorno
15.00 15:00
Lecce
Udinese
15.00 15:00
Palermo
Roma
15.00 15:00
Reggina
Ascoli
15.00 15:00
Sampdoria
Parma
15.00 15:00
Treviso
Fiorentina
15.00 15:00

ПРИМЕРА ДИВИЗИОН


Barcelona
Villarreal
14.04 20:30
Mallorca
Alaves
15.04 18:00
Sociedad
Santander
15.04 20:00
La Coruna
Sevilla
15.04 22:00
Betis
Celta
16.04 17:00
Osasuna
Malaga
16.04 17:00
Valencia
Espanyol
16.04 17:00
Zaragoza
Cadiz
16.04 17:00
Getafe
Real M.
16.04 19:00
Atl. Madrid
Ath. Bilbao
16.04 21:00

ФРАНЦИЈА


Toulouse
Metz
14.04 20:00
Lille
Bordeaux
15.04 17:15
Sochaux
Strasbourg
15.04 20:00
St. Etienne
Lens
15.04 20:00
Nantes
Auxerre
15.04 20:00
Le Mans
Monaco
15.04 20:00
Marseille
Nancy
15.04 20:00
Troyes
Ajaccio
15.04 20:00
Nice
Rennes
16.04 18:00
PSG
Lyon
16.04 21:00

ХОЛАНДИЈА


Den Haag
Sparta
16.04 14:30
Utrecht
Willem II
16.04 14:30
Feyenoord
Roosendaal
16.04 14:30
Twente
Groningen
16.04 14:30
Vitesse
NEC
16.04 14:30
Heerenveen
AZ Alkmaar
16.04 14:30
NAC Breda
PSV
16.04 14:30
RKC Waalwijk
Ajax
16.04 14:30
Roda
Heracles
16.04 14:30

БЕЛГИЈА


Anderlecht
Westerlo
14.04 20:30
Genk
Lierse
15.04 20:00
Gent
Charleroi
15.04 20:00
Germinal
St. Truiden
15.04 20:00
Moeskroen
Roeselare
15.04 20:00
Cercle Brugge
Beveren
15.04 20:00
La Louviere
Brugge
16.04 18:00
Standard
FC Brussels
16.04 20:30
Zulte-Waregem
Lokeren
16.04 20:30

И НОРМАЛНО ЛИГА НА ШАМПИОНИ И КУП УЕФА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Milan - Barcelona
18.04 20:45
Villarreal - Arsenal
19.04 20:45

КУП УЕФА

Schalke - Sevilla
20.04 20:45
Steaua - Middlesbrough
20.04 20:45

0 Comments:

Post a Comment

<< Home