Thursday, April 13, 2006

интер се продава

Сопственикот на Интер, Масимо Морати, во интервју за Ла Газета дело Спорт ја шокира цела фудбалска јавност откако објави дека е подготвен да го продаде клубот на секој што смета дека ќе биде подобар од него."Веднаш ќе го продадам Интер. Ако има такви што мислат дека можат да ја вршат таа работа подобро од мене нека се јават и нека го превземат," изјавил Морати во интервјуто.Аналитичарите ja проценуваат вредноста на клубот помеѓу 350 и 400 милиони евра а како најсериозен купувач се споменува Франко Балдини, некогашниот генерален директор на Рома. Балдини веќе разговарал со претседателот на Интер за можното превземање а веќе се шпекулира и со имињата на Чезаре Прандели и Фабио Капело како можни идни тренери на екипата.Морати го купи Интер во 1995-та за 50 милијарди лири од тогашниот сопственик Ернесто Пелегрини. Неговиот прв потег беше носењето на тогашната златна копачка Дарко Панчев за 14 милијарди лири. Иако за време на неговото владеење се вложени најмногу пари во играчи и тренери, за 11-те години Интер освои куп на Италија (2004/05), Супер куп на Италија (2004/05) и куп на УЕФА (1997/98).На фудбалски план Морати има статус на главен лузер и најголем баксуз, кој и покрај сите напори никако не можеше да им се придружи на Милан и Јувентус.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home