настапи на македонските интернационалци во странство
| *Нашиот најдобар фудбалер за прва во Серија А даде два гола на еден меч и му донесе значајна победа на ЛациоИталија 34.колоГоран Пандев (Лацио - Ливорно 3:1) во својот 54. меч во Серија А за првпат беше стрелец на два гола. Струмичанецот повторно одигра перфектна партија во дресот на Лацио, а негова нова жртва беше мрежата на Ливорно. Пандев во 56. и 72. минута ја матираше одбраната на гостите и му донесе нова победа на својот тим кој има големи шанси да се избори за место во Купот на УЕФА."Мојата желба се исполни на 4 кола пред крајот на сезоната. Сега со овие два гола имам вкупно 10. Најважно е тоа што играм добро, но и тоа што за првпат давам два гола на еден меч во Серија А", вели Пандев, кој во 56. минута со глава зголеми на 2:1, додека во 72. минута од петерецот."Сега на ред е Јувентус. С$ ќе сторам да му дадам гол и на шампионот на Италија", е желбата на Пандев, кој по мечот летна на кус одмор во Загреб кај негвиот брат Сашко, кој е член на Динамо. По 34 одиграни кола Лацио се наоѓа на 6. место со 52 бода или еден пред Киево во битката за Купот на УЕФА. Во медимите во Италија Пандев ги окупира спортските страници. Во интервју за "Газета" тамошните медиуми го прашуваат за понудата од Вердер на што тој одговара:"Задоволен сум од тоа што дадов два гола. Сакам да останам во Лацио затоа што тука ми е добро. Шпекулациите за Вердер се од Германија. Тука има уште 4 кола, а потоа ќе се знаат сите работи". Русија 5. колоВеличе Шумуликоски (Зенит - Луч Енергија 3:1) настапи до 88. минута за домаќините, кои според очекувањата дојдоа до трите бода со кои се искачија на 6. место со 7 бода, но и меч помалку од конкурентите, кои имаат само три бода предност. На овој меч во комбинација не беше Драган Чадиковски. Австрија 32. колоИлчо Наумоски (Матерсбург - ГАК 1:0) во последните секунди од мечот беше заменет, а неговиот тим со гол во 89. минута дојде до победата. Наумоски во 34. и 52. минута во добри шанси да ја тресе мрежата на неговиот екс клуб, но малерот продолжува и нашиот млад шпиц с$ уште нема погодок цела пролет. Со овие 3 бода Матерсбург речиси го осигура опстанокот. Турција 30. колоГоран Мазнов (Трабзон - Дијарбакир 3:0) и негопвиот тим два дена играа против Трабзон. Во саботата средбата беше прекината во 67. минута поради дефект на рефлекторите, а нашето трио Мазнов, Седлоски и Ставревски беа на клупата. Средбата продолжи вчера од 11 часот и во тие преостанати минути настапи само Мазнов, а Трабзон даде уште два гола. По овој пораз Дијарбакир се врати на последната позиција со само теоретски шанси за опстанок во лигата. Хрватска 27. колоИгор Кралевски (Хајдук - Динамо 1:0)по два месеци се врати во составот на Хајдук и тоа во вистинско време за вечното дерби. Хајдук за првпат во оваа сезона & се радуваше на победата над вечниот ривал, а Кралевски бил одличен во одбраната на сплитските "били". Сепак, и покрај овој триумф Хајдук е далеку од битката за титулата. Јане Николоски и неговиот Славен Б. славеа со 3:0 над Загреб и ги зголемија шансите за опстанокот во лигата. Грција 27. колоВанче Шиков (Калитеа - Ксанти 2:1) беше во тимот на гостите и одигра 90 минути. Шиков и неговите соиграчи одиграа лош меч и загубија од последнопласираниот клуб во Грција и со тоа ги намалија шансите за место во Купот на УЕФА.Зоран Мисердовски по вторпат во оваа сезона дава гол за Каламата, која со 2:0 славеше над Хаидари. Драган Начевски со 2:0 го победи Ѓоко Хаџиевски и неговата Касторија, која е поразена со 2:0 од Ерготелис на гости. Белгија 31. колоАцо Стојков (Ла Лувиер - Бриж 0:1) доби шанса од 53. минута и по три кола се враќа во составот на Ла Лувиер. Нашиот голгетер со три обиди да го израмни резултатот, но не се запиша во листата на стрелците, а фаворитот со минимален резултат ги однесе бодовите. Унгарија 23. колоАлександар Бајевски (Ференцварош - Ујпешт 1:2) настапи од самиот старт на мечот, а во 19. минута врз него е направен прекршок за пенал по кој домаќините дојдоа до 1:0. Она што е интересно за овој меч е тоа дека во судиското продолжение паднаа два гола со кои гостите направија пресврт и останаа во трка за титулата, а во тие мигови беа доделени дури три црвени картони од кои еден за Ференцварош и два за Ујпешт. По овој пораз тимот на Бајевски падна на шестата позиција. Украина 26. колоБобан Грнчаров (Металург Д. - Кривбас 3:2) настапи од 58. минута за домаќините и настапи за својот тим по подолга пауза. Екипата од Доњецк со новите 3 бода остана во трка за 4. место. Дарко Тасевски (Закарпати - Металург З. 0:2) ги одигра сите 90 минути и со оваа победа неговиот тим го осигура опстанокот во лигата. На овој меч од 44 минута настапил Масев но поради повреда тој играл само до 75 минута. Кипар 24. колоВлатко Грзодановски (Аполон - Омонија 0:0) настапи до 74. минута во големото дерби во кое неговиот тим остана непоразен на гостувањето и ја продолжи неизвесноста во битката за титулата. Омонија сега е трета, а првата позиција ја делат Аполон и Апоел.Реми ова коло и за Петар Милошевски, чиј Енозис одигра 2:2 на домашен терен проив Дигенис. И. Д. Ивановски Бундеслига 30. колоВасоски - Новески 0:0Дуелот на екипите во кои играа еден против друг Александар Васоски и Николче Новески заврши без голови со што двете екипи ги зголемија шансите за опстанокот во лигата по "киксот" на Кајзерслаутерн. По вторпат во оваа сезона Ајнтрахт и Мајнц не дадоа победник во меѓусебните средби, а за домаќините со капитенската лента на голот беше Ока Николов. Словенија 26. колоТреневски го "легна" МариборВиктор Треневски (Драва - Марибор 3:2) во 80. минута при резултат 2:2 ја погоди мрежата на фаворизираниот гостин од слободен удар. Неговиот шут од 20 метри донесе голема победа на тимот чиј тренер е нашиот Милко Ѓуровски. За Треневски ова беше 11. гол во оваа сезона со кој изби на 4 место на листата најдобри стрелци во Словенија. Треневски иако има 33 години, игра во извонредна форма и е најдобар играч на Драва, која сега по 26 кола направи скок на 7. позиција со 33 бода или 3 помалку од Публикум на Никола Илиевски - Џиџи, кој во ова коло на домашен терен загуби со 0:2 од Копер. РАЗЛИЧНА СУДБИНА НА БРАЌАТА ПОПОВИРоберт се врати, Горан ќе паузираПо 5 месеци пауза Роберт Попов одигра официјален меч за Литекс. Тој во саботата настапи од 75. минута за тимот од Ловеч, а по само 5 минути игра врз него е направен прекршок за пенал по кој Литекс успеа да даде гол и да ги освои бодовите и да се пробие на третата позиција. Литекс ја победи Родопа, а Роберт ја победи долгата пауза поради проблемите со тетивата на десната нога. И додека Роберт заздрави неговиот помлад брат Горан се соочува со проблеми поради повреда. Дефанзивецот на грчкиот тим Егалео при настапот за репрезентацијата до 21 година го повреди коленото и се соочува со неколкумесечна пауза. Во Бугарија Локомотив со Халими и Петров од стартот одигра 0:0 на гости кај Черно Море, а во вториот дел настапи и младиот Зоран Златковски. Сензација направи Беласица, која со Зекирија Рамадан во дефанзивната линија и Стевица Кузмановски како тренер од клупата славеше со 0:1 на гости кај Локо Софија. Швајцарија 30. колоАце Митрески со црвен картон Поради втор жолт картон во 84. минута Александар Митрески не го дочека крајот на средбата Шафхаузен - Грасхопера на која неговиот тим како госин си замина со бод. Грасхоперс имаше 0:1, но остана без Митрески, а потоа во 90. минута Шафхаузен го израмни резултатот.Со овој бод Грасхоперс остана на 3. место кое води во Купот на УЕФА. Денеска, во 15 часот Мирсад Мијадиновски со Сион го игра финелето во Купот на Швајцарија против Јанг Бојс. |


0 Comments:
Post a Comment
<< Home