Monday, April 17, 2006

меѓународен фудбал

Звезда со пресврт до трите бода
Црвена звезда повторно се спаси од пораз и ја задржа предноста од седум бода пред второпласираниот Партизан. "Црвено-белите" имаа негатива по првиот дел од натпревар против Хабитфарм во Ивањица, но благодарение на двата гола на најдобриот стрелец на екипата, Никола Жигиќ, во 61. и 80. минута од средбата, фудбалерите на Валтер Зенга стигнаа до победата и сега им недостасуваат шест бода во последните четири кола за да ја обезбедат шампионската титула. Во Белград, Партизан на својот стадион, пред повеќе од четири илјади гледачи, го совлада Борац од Чачак, а единствениот гол го постигна досегашниот капитен на младата репрезентација на Србија и Црна Гора, Данко Лазовиќ. Ивица Краљ имаше неколку одлични интервенции на својот гол спречувајќи реализација на контранападите на гостинскиот тим, но факт е дека Партизан сосема заслужено стигна до трите бода, имајќи предвид дека ја имаше иницијативата во поголемиот дел од натпреварот, а фудбалерите на оваа екипа трипати ја погодуваа рамката на голот.Важен чекор во борбата за опстанок направи Земун, кој на свој терен славеше против Зета со 2:1, благодарение на голот на Продановиќ на 13 минути пред крајот. Вождовац се зацврсти на третата позиција на табелата откако славеше на гостувањето кај Смедерево, екипа која по овој пораз се наоѓа во многу незавидна ситуација.РЕЗУЛТАТИ:ЈЕДИНСТВО - ВОЈВОДИНА 1:1ЗЕМУН - ЗЕТА 2:1ХАБИТФАРМ - Ц.ЗВЕЗДА 1:2СМЕДЕРЕВО - ВОЖДОВАЦ 1:2ПАРТИЗАН - БОРАЦ 1:0БУДУЌНОСТ (П) - БУДУЌНОСТ (БД) 0:2ОБИЛИЌ - РАД 0:1ОФК БЕОГРАД - ХАЈДУКТАБЕЛА:1.Ц. Звезда 26 22 2 2 64:20 682.Партизан 26 19 4 3 45:16 613.Вождовац 26 14 4 8 45:31 464.Војводина 26 11 8 7 24:19 415.Хајдук 25 10 10 5 28:21 406.Зета 26 12 4 10 33:30 407.ОФК Београд 25 12 3 10 30:22 398.Будуќност (БД) 26 12 2 12 30:28 389.Земун 26 10 7 9 30:29 3710.Борац 26 10 6 10 24:25 3611.Смедерево 26 9 5 12 24:31 3212.Рад 26 8 4 14 25:29 2813.Хабитфарм 26 7 7 12 19:30 2814.Будуќност (П) 26 4 10 12 19:37 1915.Обилиќ 26 2 6 18 16:46 1216.Јединство (БП) 26 3 2 21 17:58 11


ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 33. КОЛО
Валенциа кепт тхе прессуре он Реал Мадрид ин тхе баттле фор тхе Примера Лига руннерс-уп спот, црусхинг Кинг'с Цуп њиннерс Еспанѕол 4-0 он Сундаѕ.А фирст-халф пеналтѕ фром леадинг сцорер Давид Вилла, сецонд-халф хеадерс фром Аргентине центре-бацк Роберто Аѕала анд субституте Миста анд а лате стрике фром Рубен Бараја кепт Валенциа сецонд ин тхе табле.Еспанѕол, њхо беат Реал Зарагоза 4-1 он Њеднесдаѕ то њин тхе Кинг'с Цуп, хад Едуардо Цоста анд Моисес Хуртадо сент офф ин тхе сецонд халф.АДВЕРТИСЕМЕНТДефеат лефт Мигуел Ангел Лотина'с сиде оне поинт цлеар оф а цонгестед релегатион зоне.Барцелона тоок а степ тоњардс ретаининг тхеир титле њитх а 1-0 вицторѕ овер Вилларреал он Фридаѕ, Самуел Ето'о нотцхинг хис 24тх гоал оф тхе сеасон.Њитх фиве гамес лефт Барца хаве 73 поинтс, 11 море тхан Валенциа анд 14 цлеар оф Реал Мадрид, њхо плаѕ Гетафе латер он Сундаѕ.Фоуртх-плацед Осасуна аре левел он 59 поинтс њитх Реал афтер тхеир 1-1 драњ њитх боттом теам Малага. На Риазор Ла Коруња и Севиља разочараа играјќи без голови, резултат кој не им одговара на двете екипи кои се борат за излез во Европа. Главни виновници за тоа што мрежите мируваа на овој меч се двајцата голмани Хозе Молина и Андрес Палоп, кои со неколку одлични интервенции ги спречија противничките напаѓачи да ги совладаат. Палоп со одлична рефлексна интервенција успеа да го спречи ударот на Чиско, а неколку минути подоцна на спротивната страна му се реваншираше Молина со сигурна реакција при ударот на Палоп. Извонредната форма на Марк Гонзалес во финишот од сезоната е надежта на Реал Сосиедад дека ќе обезбеди опстанок во Примера. Крилниот фудбалер на баскијците го реши победникот на дуелот со Расинг Сантандер со неговиот одличен волеј удар од 20. метри. Разочрувачко реми без голови одиграа Мајорка и Алавес во дербито на дното.ПРОБЛЕМИ ВО ОДБРАНАТА НА ВИЉАРЕАЛДва месеци пауза за Гонзало Родригез Виљареал сезоната ќе ја заврши ослабена со неиграњето на дефанзивецот Гонзало Родригез. 21-годишниот фудбалер на мечот со Барселона во петокот ги оштети лигаментите во левиот зглоб, повреда по која ќе паузира најмалку два месеци. Оваа вест ќе наиде на разочарување и кај шпанскиот селектор Луси Арагонес, кој сметаше на услугите на Родригез за Мундијалот по импресивната сезона во дресот на Виљареал. Во меѓувреме тренерот на "жолтата подморница" Мануел Пелегрини во пресрет на полуфиналниот дфуел со Арсенал во Лигата на Шампиони има дополнителни проблеми во одбраната затоа што и Хозе Мануел Пена и ги повреди лигтаментите во коленото на мечот со Барса и нема да патува на Хајбери. ЖОАКИН КАПАРОС:Ремито е реален исход"Важно е на дуели на кои не е можно да победиш да знаеш како да одиграш нерешено. Во второто полувреме игравме подобро од првото во кое делувавме загубено на теренот. Мислам дека иако не ни одговараше, ремито е реален исход од овој дуел. Сезоната е во финиш и се чувствува замор кај моите фудбалери. Тоа се забележуваше на дуелот со Севиља", истакна тренерот на Ла Коруња. РЕЗУЛТАТИ:БАРСЕЛОНА - ВИЉАРЕАЛ 1:0Ето 11'МАЈОРКА - АЛАВЕС 0:0Р. СОСИЕДАД - Р. САНТАНДЕР 1:0Гонзалес 74'ЛА КОРУЊА - СЕВИЉА 0:0ОСАСУНА - МАЛАГА 1:1Пунал 30' (п) - Моралес 80' БЕТИС - СЕЛТА 0:2Ларена 17', Перера 87'ВАЛЕНСИЈА - ЕСПАЊОЛ 4:0Виља 40' (п), Ајала 66', Миста 69', Бараха 86' САРАГОСА - КАДИЗ 1:2савио 20' - Лобос 43' (п), Павони 47' ГЕТАФЕ - РЕАЛ (М)АТЛЕТИКО (М) - АТЛЕТИК (Б) ТАБЕЛА1. Барселона 33 22 7 4 73:29 732. Валенсија 33 17 11 5 49:28 623. Реал (М) 32 17 8 7 57:29 594. Осасуна 33 18 5 10 44:39 595. Селта 33 17 3 13 36:30 546. Севиља 33 15 8 10 40:33 537. Ла Коруња 33 14 9 10 43:38 518. Виљареал 33 12 13 8 42:32 499. Гетафе 32 13 7 12 46:41 4610. Атлетико (М) 32 11 11 10 41:33 4411. Сарагоса 33 9 15 9 41:42 4212. Бетис 33 9 10 14 30:44 3713. Атлетик (Б) 32 8 11 13 33:39 3514. Р. Сосиедад 33 10 5 18 41:58 3515. Р. Сантандер 33 7 13 13 28:38 3416. Еспањол 33 8 10 15 31:51 3417. Мајорка 33 7 13 13 30:46 3418. Алавес 33 7 12 14 32:47 3319. Кадиз 33 7 10 16 27:45 3120. Малага 33 5 9 19 32:54 24ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 24 гола - Самуел Ето (Барселона); 19 гола - Давид Виља (Валенсија); 15 гола - Роналдињо (Барселона)ИДНО КОЛО (23.04.2006)Виљареал - Р. Сосиедад; Алавес - Атлетико (М); Селта - Сарагоса; Атлетик (Б) - Валенсија; Кадиз - Ла Коруња; Еспањол - Бетис; Мајорка - Осасуна; Р. Сантандер - Гетафе; Реал (М) - Малага; Севиља - Барселона


Челзи на четири бода од титулата
Челзи има причини за радост по комплетирањето на 34. коло по кое четири бода ги делат од одбрана на титулата. Четата на Мурињо максимално го искористи "киксот" на Манчестер и со победата на гости кај Болтон се најде многу блиску до нов трофеј. Болтон можеше да го отвори резултатот, но Боргети од непосредна близина го погоди дирекот од голот на немоќниот Чех. Иако не импресионираше со играта Челзи успеа на полувреме да замине со предност. Лампард изведе слободен удар по кој во скок се најдоа Тери и Дрогба, кои заеднички ја допреа топката со глава на пат кон мрежата, но на крајот голот му беше припишан на дефанзивецот. Работата околу победата Челзи ја заврши во 59. минута кога Лампард по асистенцијата на Креспо го постигна својот 15. гол сезонава, со кој стана рекордер според постигнатите голови во една сезона за играч за врска. Лошиот ден на Болтон го комплетирше исклучувањето на Тал Бен Хаим поради два жолти картони. "Јасно е дека сме многу блиску до одбрана на титулата, но прерано е да славиме. Треба да се фокусираме на последните четири кола на кои треба да обезбедиме четири бода. Кога и теоретски ќе ја обезбедиме титулата тогаш може да славиме. Тери уште еднаш покажа дека е најдобар дефанзивец на светот, а знае и да постигнува голови", истакна Мурињо по победата над Болтон. Тотенхем е на добар пат да ја задржи четвртата позиција која го носи во Лигата на шампиони идната сезона. "Спарси" минимално славеа на гости кај Евертон со голот од пенал на Роби Кин по стартот на Стабс врз него во шеснаесетникот. Дефо на 18 минути пред крајот имаше одлична можност да ја зголеми предноста на гостите, но неговиот удар заврши во гредата од голот на Рајт. "Ова беше многу важна средба за нас и задоволен сум што дојдовме до победа. Евертон е силен тим , но ние успеавме да ги надиграме. Жалам само што не постигнавме повеќе голови, затоа што ги заслуживме", вели менаџерот на Тотенхем, Мартин Јол. Резервистот Бергкамп со асистенција и гол го предводеше Арсенал во триумфот над Вест Бромвич, кој се закани со израмнувачкиот гол на Куаши на 12. минути пред крајот. Но ветеранот Бергкамп со асистенција за Пирес и потоа со гол во свој стил од 20. метри ги остави бодовите на Хајбери. Роби Фаулер со својот четврти гол во последните пет кола ја продолжи победничката серија на Ливерпул на седум средби. "Црвените" славеа со 1:0 на гости кај Блекбурн. Фаулер победничкиот гол го постигна во 29. минута кога изби сам пред голот на Фридел по двојната комбинација со Мориентес. Милан Барош со двата свои гола беше клучна фигура на градското дерби во кое Астон Вила славеше со 3:1 над Бирмингем. Гостите успеаја само да израмнат на 1:1, но Кејхил со прекрасен деби гол за Вила и Барош со својот втор гол му ја донесоа победата на домашниот тим. РАФА БЕНИТЕЗ:Го исполнивме планот"Планот кој го имавме за оваа средба се покажа успешен. Блекбурн има брзи напаѓачи и затоа игравме поповлечено, а шансата ја чекавме од контри. И со ваква игра ние создававме шанси и заслужено победивме на гости кај силен противник. Задоволен сум од тоа како мојот одигра денеска", истакна стратегот на Ливерпул по триумфот над Блекбурн. АРСЕН ВЕНГЕР:Бергкамп и натаму е екстра играч"Бергкамп никогаш не загубил од својот огромен талент. И по 10 години минати на Хајбери тој и натаму прикажува одлични партии и решава дуели. Сметав дека токму тој ни не недостасува не теренот. Се надевав на неговиот квалитет да ни помогне во финишот и тој одигра беспрекорно. Целиот тим одлично реагираше по израмнување и создаваше шанси кои ни ја вратија предноста", изјави менаџерот на Арсенал. ПРЕМИЕР ЛИГА - 35. КОЛО"Цревните ѓаволи" без право на нова грешкаМанчестер Јунајтед доколку сака да ги задржи теоретските шанси за титулата мора да победи на гострувањето кај Тотенхем, кој, пак, е во потрага по нови бодови за пласман во Лигата на шампиони. Шансите се на страна на гостите затоа што Тотенхем нема ниту една победа на последните девет дуели со Манчестер. Доколку "Црвените ѓаволи" не слават на Вајт Харт Лејн Челзи на дуелот со Евертон ќе може да ја прославува одбраната на титулата. Интересна борба се очекува на Хоторнс каде Вест Бромвич е во очајна потреба од бодови за опстанок, но против себе ќе го има тимот на Болтон, кој доаќа со серија од пет порази и 334 минути без постигнат гол. Портсмаут патува на гости кај Чарлтон во потрага по победа за сочувување на позицијата која им гарантира опстанок во Премиер-лигата. ДВОЈКИПОНЕДЕЛНИКТОТЕНХЕМ - МАНЧЕСТЕР Ј. 13:45чСАНДЕРЛЕНД - ЊУКАСЛ 16чЧЕЛЗИ - ЕВЕРТОНМИДЛСБРОУ - ВЕСТ ХЕМЧАРЛТОН - ПОРТСМАУТВ. БРОМВИЧ - БОЛТОН 21чВТОРНИКВИГАН - А. ВИЛА 20:45чСРЕДАБИРМИНГЕМ - БЛЕКБУРН 20:45чРЕЗУЛТАТИ:МАНЧЕСТЕР Ј. - САНДЕРЛЕНД 0:0БОЛТОН - ЧЕЛЗИ 0:2Тери 44', Лампард 59'АРСЕНАЛ - В. БРОМВИЧ 3:1Хлеб 44', Пирес 76', Бергкамп 89' - Куаши 72' ЕВЕРТОН - ТОТЕНХЕМ 0:1Кин 33' (п)ФУЛАМ - ЧАРЛТОН 2:1Боа Морте 15', 30' - Јуел 26'ЊУКАСЛ - ВИГАН 3:1Ширер 28' (п), 66', Брамбл 36' - Булард 5'ПОРТСМАУТ - МИДЛСБРОУ 1:0О'Нил 54'ВЕСТ ХЕМ - МАН. СИТИ 1:0 Њутон 15'А. ВИЛА - БИРМИНГЕМ 3:1Барош 10', 78', Кејхил 56' - Сатон 26'БЛЕКБУРН - ЛИВЕРПУЛ 0:1 Фаулер 29'ТАБЕЛА1. Челзи 34 27 4 3 66:20 85 2. Манчестер Ј. 34 23 7 4 66:30 76 3. Ливерпул 35 22 7 6 49:22 73 4. Тотенхем 34 17 10 7 49:33 61 5. Арсенал 34 17 6 11 57:27 57 6. Блекбурн 34 16 6 12 45:40 54 7. Вест Хем 34 14 7 13 48:50 49 8. Болтон 33 13 9 11 43:38 48 9. Њукасл 34 14 6 14 39:41 48 10. Виган 34 14 6 14 39:43 48 11. Евертон 34 13 6 15 31:44 45 12. Чарлтон 34 12 8 14 38:44 44 13. Ман. Сити 34 12 4 18 40:41 40 14. Мидлсброу 33 11 7 15 45:55 40 15. А. Вила 34 9 12 13 37:47 3916. Фулам 34 11 6 17 43:55 39 17. Портсмаут 34 8 8 18 31:55 32 18. Бирмингем 34 7 8 19 26:48 29 19. В. Бромвич 34 7 7 20 29:52 28 20. Сандерленд 33 2 6 25 21:57 12ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:22 гола - Тиери Анри (Арсенал); 21 гол - Руд ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 16 гола - Дарен Бент (Чарлтон); 15 гола - Роби Кин (Тотенхем), Френк Лампард (Челзи)


Jуве се спаси во последен миг
Јувентус го одигра својот четврти нерешен натпревар во серија, со што предноста во однос на Милан, која до неодамна изгледаше недостижна, сега изнесува само пет бода. "Старата дама" во саботата едвај спаси бод на гостувањето против Каљари (1:1). Домаќините поведоа по сомнителниот пенал што Суазо го претвори во гол во финишот од првиот дел. Судијата му се оддолжи на Јувентус досудувајќи непостоечки пенал по еден старт врз Џанлука Ѕамброта. Сепак, Антонио Кименти беше расположен на голот на Каљари во дуелот со својот поранешен клуб и успеа да го одбрани ударот од белата точка на Алесандро дел Пјеро. Кименти имаше уште неколку фантастични одбрани, но беше немоќен при ударот на Фабио Канаваро во 95. минута, со кој "Старата дама" освои еден бод во Сардинија. "Би сакал да им честитам на моите фудбалери за фантастичната игра денеска. Не сакам да предизвикам контроверзи, но Каморанези мораше да биде исклучен кога намерно го удри нашиот фудбалер. Судијата се правеше дека не го виде, а подоцна токму Каморанези му асистираше на Канаваро при израмнувачкиот погодок", изјави тренерот на Каљари, Недо Сонети. Крајно интересен натпревар се одигра на Сицилија, каде Палермо се врати од 0:3 на полувремето и на крајот дојде до 3:3 против Рома. "Бевме подобар тим на теренот во најголемиот дел од мечот. Рома го искористи нашиот пад во играта и за десетина минути ни даде три гола. Сепак, моите фудбалери покажаа фантастичен карактер и со одлична игра во второто полувреме се изборија за бод. Штета што не искористивме некоја од шансите во финишот, ќе беше одлично ако направевме целосен пресврт", беше коментарот на кормиларот на Палермо, Џузепе Пападопуло. "Проблемот беше психички бидејќи моите фудбалери премногу опуштено го почнаа второто полувреме. Кога противникот стигна до 2:3 веќе почнавме да се плашиме, премногу лесно ја губевме топката и му дозволивме на Палермо да постигне и трет гол", прокоментира Лучијано Спалети. Ваквиот "кикс" на Рома го искористи Фиорентина, која со победата на гостувањето во Тревизо се врати на четвртото место на табелата. "На полувремето ги излажав моите фудбалери и им кажав дека Рома губи со 3:0 на Сицилија. Тоа влијаеше позитивно, тргнавме во целосна офанзива во вториот дел против Тревизо и дојдовме до посакуваните три бода", истакна Чезаре Прандели. Парма продолжува со фантастични игри. "Млекарите" славеа со 2:1 на гостувањето против Сампдорија продолжувајќи ја мизеријата на калчолигашот од Џенова (Самп е со скор од осум порази и едно реми во последните девет кола). "С$ течеше во најдобар ред, имавме водство и игра. Потоа Парма израмни и работите почнаа да се движат во обратна насока. Навистина не знам што ни се случува, фудбалерите ги исполнуваат задачите што им ги давам, но никако не успеваме да дојдеме до една победа во Калчо-лигата", изјави кормиларот на Самп, Валтер Новелино. Лацио се наоѓа многу близу до обезбедување учество во Купот на УЕФА за следната сезона откако славеше со 3:1 на мечот со Ливорно. "Гостите се решија за формација со згуснат среден ред и само еден напаѓач. Горд сум на моите фудбалери бидејќи не брзаа, беа максимално трпеливи и ги искористија шансите што ги создадовме", прокоментира Делио Роси по триумфот над Ливорно. Удинезе, конечно, успеа да побегне од опасната зона по победата од 2:1 на гостувањето против Лече. "На прв момент се чини дека ова беше лесна задача за нас, но ситуацијата на теренот беше многу посериозна. Лече се прикажа во солидно издание, а ова беше наш најслаб меч откако јас дојдов на кормилото на Удинезе. Сепак, добро е за тимот да победува и кога игра под своите можности", истакна шефот на стручниот штаб на "фриулијаните", Џовани Галеоне. РЕЗУЛТАТИМИЛАН - ИНТЕР 1:0Каладзе 70'КАЉАРИ - ЈУВЕНТУС 1:1Суазо 45' (п) - Канаваро 90'КИЕВО - МЕСИНА 2:0Семиоли 15', Обина 90' (п)ЕМПОЛИ - СИЕНА 2:1Тосто 36', Тавано 39' - Богдани 87'ЛАЦИО - ЛИВОРНО 3:1Одо 20' (п), Пандев 56', 72' - Колучи 52'ЛЕЧЕ - УДИНЕЗЕ 1:2Џакомаци 38' - Барето 25', Ди Натале 59'ПАЛЕРМО - РОМА 3:3Ди Микеле 50', Бароне 52', 79' - Тадеи 23', Мансини 29' (п), 30'РЕЏИНА - АСКОЛИ 2:0Де Роса 10', Аморузо 28'САМПДОРИЈА - ПАРМА 1:2Флаки 39' - Коради 52' (п), Брешано 89'ТРЕВИЗО - ФИОРЕНТИНА 1:3Бориело 39' - Тони 25', Броки 49', Монтоливо 86'ТАБЕЛА1. Јувентус 34 24 9 1 63:22 81 2. Милан 34 24 4 6 75:27 76 3. Интер 34 22 5 7 61:26 71 4. Фиорентина 34 19 8 7 57:37 65 5. Рома 34 18 10 6 64:36 64 6. Лацио 34 13 13 8 50:45 52 7. Киево 34 13 12 9 49:42 51 8. Палермо 34 11 13 10 46:47 46 9. Ливорно 34 11 11 12 34:41 44 10. Парма 34 12 8 14 42:52 44 11. Емполи 34 11 6 17 41:57 39 12. Сампдорија 34 10 8 16 45:47 38 13. Асколи 34 8 14 12 36:44 38 14. Удинезе 34 10 8 16 35:50 38 15. Реџина 34 10 8 16 34:54 38 16. Сиена 34 9 9 16 40:55 36 17. Каљари 34 7 13 14 35:48 34 18. Месина 34 6 13 15 32:49 31 19. Лече 34 6 6 22 26:54 24 20. Тревизо 34 2 10 22 19:51 16ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 28 гола - Тони (Фиорентина); 20 гола - Трезеге (Јувентус); 19 гола - Шевченко (Милан); 18 гола - Тавано (Емполи), Суазо (Каљари)ИДНО КОЛО (22.4.2006)Месина - Милан; Асколи - Каљари; Удинезе - Киево; Фиорентина - Емполи; Јувентус - Лацио; Ливорно - Палермо; Интер - Реџина; Рома - Сампдорија; Парма - Сиена; Лече - Тревизо"Росоњерите" сонуваат за реприза од 2000 годинаФудбалерите на Милан се надеваат дека Јувентус ќе ја прокоцка шансата да ја освои шампионската титула во Серија "А" исто како што тоа беше случај во 2000 година. Тогаш на четири кола до крајот "Старата дама" имаше пет бода предност во однос на Лацио, но серијата слаби игри придонесе Јуве во последното коло со пораз во Перуџа да го загуби скудетото, кое отпатува за Рим. Она што е интересно е податокот дека тогаш тренер на Јувентус беше актуелниот кормилар на Милан Карло Анчелоти. КОЈ СО КОГО ДО КРАЈОТ?Јувентус Милан35. коло Лацио (д) Месина (г)36. коло Сиена (г) Ливорно (д)37. коло Палермо (д) Парма (г)38. коло Реџина (г) Рома (д)Мацоне си понуди оставкаКарло Мацоне реши да поднесе оставка од тренерската функција Ливорно откако оваа екипа на гостувањето против Лацио го претрпе својот седми пораз во серија. "Сметам дека е моја морална обврска да поднесам оставка. Жалам што изгледа како да ги напуштам фудбалерите во моментите кога им е најтешко бидејќи тоа не е мојата цел. Благодарен сум им за напорите што ги вложуваа на секој тренинг, но очигледно е дека не успеваме да најдеме излез од кризата. Мојата оставка е понудена, а деновиве ќе се сретнат со претседателот Спинели, кој уште нема решено дали да ја прифати", истакна Мацоне. ПО ПОРАЗОТ НА ГРАДСКОТО ДЕРБИ ПРОТИВ МИЛАНАдриано бесен, си оди од ИнтерНајдобриот напаѓач на Интер, Адриано, не го криеше разочарувањето по свирежите што ги доби од навивачите на "неро-азурите" за време на градското дерби со Милан. Бразилецот има огромни проблеми со ефикасноста, во последните четири месеци постигна само три гола и неколкупати беше во конфликт со тренерот Роберто Манчини. "Јас сум фудбалер на Интер и секогаш сум го давал максимумот. Свирежите од трибините се најдобар показател дека не се цени она што јас го давам за клубот и можеби е време да почнам да размислувам за заминување од Џузепе Меаца", изјави Адриано. "Најважно е луѓето овде да бидат среќни. Ако Адриано сака да остане, ние ќе го задржиме. Ако реши да си замине, нема да му стоиме на патот", истакна претседателот на Интер, Џакинто Факети. Вредноста на Адриано на фудбалската берза изнесува околу 40 милиони евра. Инзаги неизвесен против БарсаКарло Анчелоти се соочува со сериозен проблем во пресрет на утрешниот меч од Лигата на шампионите против БарселонаФилипо Инзаги и натаму се мачи со повредата и е крајно неизвесен за настап против Барса, што е голем проблем ако се знае дека Супер-Пипо е најдобар стрелец во втората фаза од Лигата на шампионите. "Росоњерите" имаат подготвено специјална тренинг-програма за Инзаги да биде оспособен за настап, но последните информации од Италија говорат дека шансите тој да се појави во првиот тим се минимални. Ова значи дека Алберто Џилардино повторно ќе добие шанса како партнер на Шевченко во навалната линија на "росоњерите".
АМАНТИНО МАНСИНИ:Не смеевме да се опуштиме"Разочарани сме, и имаме причина за такво нешто. Одигравме фантастично прво полувреме и за само 45 минути поведовме со 3:0 против силниот тим на Палермо. Не смееме да се опуштиме, а го сторивме токму тоа. Премногу лабаво влеговме во вториот дел, а домаќините набрзина дадоа два гола и се вратија во ритам. Потоа следеше и израмнувањето, што за нас значи губење на два многу значајни бода во трката за четвртото место на табелата", прокоментира Бразилецот во редовите на Рома.
ЛУКА ТОНИ: Финишот ќе биде интересен"Резултатите од ова коло се фантастична најава дека во Италија ќе се игра интересен фудбал с$ до последното коло. Милан сега има реални шанси во трката за скудетото, додека ние сме во пол-позиција за освојување на четвртата позиција. Освоивме значајни три бода во Тревизо, а би сакал јавно да им се заблагодарам на моите поранешни соиграчи од Палермо за фантастичната игра и ремито против Рома", истакна најдобриот стрелец во Серија "А" сезонава.


Баерн и Хамбургер на исто растојание
На четири кола пред крајот на Бундес-лигата екипата на Баерн Минхен ја задржа предноста од четири бода пред Хамбургер во борбата за шампионската титула. Актуелниот шампион имаше многу проблеми на домашен терен против Арминија, но на крајот, сепак, оствари очекувана победа, со која ја врати самодовербата по неколкуте "киксови" во последните кола. На голот на баварскиот клуб повторно не беше првиот чувар на мрежата, Оливер Кан, кој доби силен удар во окото за време на загревањето, но неговата замена, Михаел Ренсинг немаше воопшто работа бидејќи поседот на топката беше убедливо на страната на Баерн. Во првите десетина минути Балак и Пизаро пропуштија неколку можности за гол, а фудбалерите на Арминија воопшто не помислуваа да направат некоја смислена акција. Сепак, иако ја имаа иницијативата, домашните беа катастрофални во реализацијата, па по 45 минути, сепак не успеаја да го отворат резултатот. На стартот од вториот дел Феликс Магат ги стави во игра Бастијан Швајнштајгер и Мехмет Шол, а двојната замена веднаш донесе резултат. Прво, во 69. минута Михаел Балак од над 20 метри го погоди дирекот, топката потоа удри во грбот на противничкиот голман Хаине и влезе во голот, за водство на Баерн од 1:0. Само четири минути, Мехмет Шол го постави конечниот резултат, откако шутираше од истата позиција, а гостинскиот чувар на мрежата беше немоќен."Одлично ни тргна во пресрет на Велигден бидејќи во средата го совладавме Сент Паули во полуфиналето од Купот, а сега успеавме да победиме против Арминија. Нашиот денешен противник е еден од најдобрите во делот на одбраната, па затоа имавме многу проблеми да го отвориме резултатот. Сепак, морам да ги пофалам моите играчи затоа што покажаа трпение и на крајот заслужено стигнаа до значајните три бода", истакна тренерот на Баерн, Феликс Магат.Хамбургер ја продолжи потерата по актуелниот шампион откако славеше на гостувањето кај последнопласираниот Дуисбург со 2:0. Домаќинот доминираше во текот на целиот натпревар, но Хамбургер ги постигна двата гола во првиот половина час и предноста успешно ја сочува до крајот. При првиот гол Мерле неумешно реагираше пред својот шеснаесетник и го измами својот голман Кох, додека во 30. минута бразилскиот интернационалец Аилтон го постигна вториот гол и го постави конечниот резултат. Со овој пораз Дуисбург остана "закован" на последното место на табелата, со седум бода заостанување од Волфсбург, кој е на 15. место."Знаевме дека ќе биде тешко против Дуисбург бидејќи многу квалитетни екипи овде ги оставија бодовите. Затоа уште од почетокот се фативме за работа, одбраната беше сигурна, а головите ги постигнавме во вистинските моменти. Морам да признаам дека и имавме и среќа, но ја заслуживме", задоволен е стратегот на Хамбургер, Томас Дол.И во борбата за третата позиција на табелата ситуацијата остана статус-кво. Вердер не успеа да ја искористи предноста од играч повеќе на гостувањето кај Волфсбург и освои само бод, а ист беше епилогот и на дуелот меѓу Шалке и Келн, па екипата од Бремен с$ уште има предност од шест бода во борбата за последното место што води во Лигата на шампионите. Дербито на дното, меѓу Ајнтрахт и Мајнц заврши без голови, исто како и средбата меѓу Херта и Борусија Дортмунд, а значајна победа оствари Баер Леверкузен на домашен терен против Борусија Менхенгладбах. ТОМАС ШАФ: Не заслуживме да победиме"Задоволен сум од освоениот бод од овој натпревар затоа што останавме на третото место на табелата, но никако и од играта затоа што долго време игравме со играч повеќе. Немавме многу шанси за гол, така што веројатно не заслуживме да победиме, меѓутоа не го сметам ова за неуспех. До крајот има уште четири кола на кои ќе се обидеме да освоиме колку е можно повеќе бодови", изјави тренерот на Вердер.
ЈИРГЕН КЛОП:Нерешениот резултат е најреален"Мое мислење е дека нерешениот резултат од овој натпревар е најреален резултат бидејќи ниедна од екипите не одигра квалитетно. Имавме неколку обиди, но тие не беа опасни за противничкиот гол, но освоениот бод е успех за нас. Важно е што втор натпревар по ред успеавме да се избориме за нерешен резултат, па опстанокот сега се чини реален за нас", смета шефот на стручниот штаб на Мајнц.
РЕЗУЛТАТИ:БАЕР (Л) - БОРУСИЈА (М) 2:1Ролфс 11', Фриц 84' - Невил 48'БАЕРН (М) - АРМИНИЈА 2:0Балак 69', Шол 73'ДУИСБУРГ - ХАМБУРГЕР 0:2Мерле 24'(аг), Аилтон 30'АЈНТРАХТ - МАЈНЦ 0:0ХЕРТА - БОРУСИЈА (Д) 0:0ШАЛКЕ - КЕЛН 1:1Бајрамовиќ 80' - Подолски 45'ВОЛФСБУРГ - ВЕРДЕР 1:1Христов 23' - Валдес 6'ХАНОВЕР - ШТУТГАРТ 3:3Балич 2', Штајнер 32', Мертесакер 62' - Љубоја 51', Хицлшпрегер 77', Томасон 82'НИРНБЕРГ - К'ЛАУТЕРН 3:2Витек 12', 86', Паулус 62' - Алтинтоп 21', 48'ТАБЕЛА1.Баерн (М) 30 21 6 3 58:25 692.Хамбургер 30 20 5 5 49:22 653.Вердер 30 18 6 6 66:33 604.Шалке 30 14 12 4 41:27 545.Баер (Л) 30 12 8 10 53:44 446.Херта 30 11 11 8 44:37 447.Штутгарт 30 8 16 6 32:30 408.Борусија (Д) 30 9 11 10 37:36 389.Нирнберг 30 10 7 13 39:44 3710.Борусија (М) 30 9 10 11 34:41 3711.Арминија 30 10 7 13 29:37 3712.Хановер 30 7 15 8 38:40 3613.Ајнтрахт 30 8 7 15 37:46 3114.Мајнц 30 7 9 14 40:45 3015.Волфсбург 30 6 12 12 29:48 3016.Кајзерслаутерн 30 7 6 17 41:66 2717.Келн 30 5 9 16 42:61 2418.Дуисбург 30 4 11 15 28:55 23ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:20 гола - Мирослав Клосе (Вердер); 18 гола - Халил Алтинтоп (Кајзерслаутерн); 16 гола - Димитар Бербатов (Баер Л.); 14 гола - Рој Макај (Баерн М.); 13 гола - Михаел Балак (Баерн М.); Еби Смоларек (Борусија Д.);ИДНО КОЛО: (22.04.2006)Арминија - Волфсбург; Борусија (Д) - Нирнберг; Борусија (М) - Херта; Келн -Дуисбург; Мајнц - Баерн (М); Хамбургер - Баер (Л); Кајзерслаутерн - Хановер; Штутгарт - Ајнтрахт; Вердер - Шалке;



ФРАНЦИЈА - 35. КОЛО
Оваа генерација на Лион си обезбеди место во историјата на францускиот фудбал откако успеа да дојде рекордната петта титула по ред. Доминантна екипа во Франција во петте последни сезони со ова и се приклучи на елитната група од само четири тима кои се единствените кои своиле пет титули по ред во големите европски првенства. Претходно тоа им успеа на Јувентус (1931-35), Торино (1943-49) и Реал Мадрид (1961-65 и 1986-90). "Горд сум на нашата константност. Она што ја Ќе го запамтам од оваа сезона е тоа што досега загубивме на само четири средби", изјави тренерот на Лион Жерар Улие, кој ја продолжи шампионската серија која пред него од клупата ја запожна Жак сантини, а продо1и со три трофеи под водство на Пол Ле Гвен. Од овој состав на Лион Купе, Касапа, Гову и Жунињо учествуваа во освојувањето на сите пет титули. Целата работа на Лион, всушност, ја заврши Лил, кој во борбата за Лигата на шампионите со Бордо славеше со 3:2. Домашниот тим направи предност од два гола уште во шестата минута од средбата, а натпреварот го одбележаа низа чудни судиски одлуки (два поништени гола и неколку погрешни проценки на помошните судии за офсајд). Во судиското продолжение, Лил можеше и да го зголеми своето водство, но двократниот стрелец, Петер Одемвинге, промаши пенал. Со оваа победа, Лил ја продолжи борбата за третото место на табелата со Рен, но и се доближи на три бода до Бордо, кој во моментов е на второто место.Најубедливата победа во ова коло ја оствари Олимпик Марсеј, кој ја потврди одличната форма во последно време и со шест гола во мрежата го испрати Нанси. Стрелците на овој натпревар убаво се распоредија. Најпрвин, два гола постигна Мамаду Нианг, продолжи Тофилу Маулида со уште два, а печат на убедливиот триумф стави Микаел Пажис со петтиот и шестиот гол. Стразбур освои бод на гостувањето кај Сошо, но тоа тешко дека ќе му помогне на овој тим да го спаси прволигашкиот статус, имајќи предвид дека има седум бода помалку од Троа, која е прва екипа во безбедната зона.ЖАН ФЕРНАНДЕЗ:Наш најдобар натпревар сезонава"Презадоволен сум од играта на моите фудбалери, особено во нападот и слободно можам да кажам дека ова беше нашиот најдобар натпревар сезонава. Ни преостануваат три меча до крајот на сезоната, од кои два се на гости, така што сигурно е дека ќе ни биде многу тешко да ја оствариме целта и да обезбедиме пласман во Купот на УЕФА. Сега сме во еуфорија по убедливата победа, но уште утре треба да почнеме со подготовките за полуфиналето од Купот на УЕФА", изјави стратегот на Олимпик Марсеј.РИКАРДО:Потребни ни се три победи до крајот"Им ја честитам новата шампионска титула на фудбалерите на Лион и им посакувам многу среќа идната сезона на сите полиња. Ако сакаме да им се придружиме во Лигата на шампионите, ќе треба да победиме најмалку три од нашите четири натпревари до крајот на сезоната, иако знаеме дека нема да биде воопшто лесно бидејќи имаме пад во формата и во последните три кола освоивме само еден бод. Денеска Лил заслужено н$ совлада, беше подобар противник, а ние ќе треба да видиме каде грешевме и да ја поправиме играта", смета шефот на стручниот штаб на Бордо.РЕЗУЛТАТИ:ЛИЛ - БОРДО 3:2Бодмер 1', Одемвинге 6' и 32' - Даршевил 16' (п); Фобер 63'ЛЕ МАН - МОНАКО 0:0ОЛИМПИК (М) - НАНСИ 6:0Нианг 11' и 34', Маулида 52' и 65', Пажис 88' и 90'НАНТ - ОКСЕР 3:2Олиех 6', Сето 68', Фае 85' - Акале 60', Каленберг 67'СОШО - СТРАЗБУР 1:1Илан 80' - Фарнеру 87'СЕНТ ЕТЈЕН - ЛЕНС 2:0Сабл 1', Пикионе 37'ТРОА - АЈАЧИО 3:0Турен 35', Фаје 42', Бангура 62'НИЦА - РЕНПСЖ - ЛИОНТАБЕЛА:
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:20 гола - Педро Паулета (ПСЖ); 12 гола - Даниел Кузен (Ленс); 11 гола - Петер Одемвинге (Лил); Силвен Вилтор (Лион); Илан (Сошо); 10 гола - Пеги Пуиндула (Оксер); Џон Утака (Рен);ИДНО КОЛО: (29.04.2006)Троа - Тулуз; Стразбур - Нанси; Рен - ПСЖ; Монако - Нант; Мец - Сошо; Лион - Сент Етјен; Ленс - Лил; Бордо - Ле Ман; Оксер - Олимпик (М); Ајачио - Ница;



httpool_src = 'http://hadrian.httpool.com/js.ng/site=mksport&targetsite=mksport&AdSize=468x60&PagePos=1';
now = new Date();
var ran = "" + now.getTime();
document.write ('');





"НЕРОАЗУРИТЕ" ГО ВРАЌААТ НАЗАД ЕКС-ГОЛМАНОТ
Фреј во Интер, Фиорентина по Бартез
Последните информации кои ги објавија италијанските медиуми се дека Интер ќе се обиде да го врати на својот гол Себастијан Фреј, а Фиорентина како негова замена се очекува да го ангажира ветеранот Фабијан Бартез. 26-годишниот Фреј, кој пропушти голем дел од сезоната поради тешка повреда на коленото, не крие дека сака да остане на Артемио Франки. Но Интер се надева дека ќе успее да го убеди да се врати во клубот кој му даде шанса да дебитира во Серија "А". Тренерот на "нероазурите" Роберто Манчини е во потрага по нов квалитетен голман, откако сезонава ги менуваше на голот Жулио Цезар и Франческо Толдо незадоволен од формата и на двајцата. Од друга страна Фиорентина не е задоволна од засилувањето од Ајакс Богдан Лобонт и затоа сака да дојде до искусниот Бартез, кој би можел да се пресели кај нив како слободен фудбалер бидејќи договорот со Олимпик Марсеј му истеквуа на лето.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home