Wednesday, April 19, 2006

Горан Пандев во евро тимот на еуро спрт

Горан Пандев во евро тимот


Горан Пандев е првиот фудбалер од Македонија кој се најде во идеалниот состав на "Еуроспорт". Познатиот спортски ТВ канал вчера ги објави имињата на 11-те фудбалери кои го свртеа вниманието кон себе од сите европски лиги за изминатиот викенд. Пандев во саботата одигра маестрална партија за Лацио кога му даде два гола на Ливорно, а со тоа и нова победа на римјаните. Пандев, според "Еуроспорт", во нападот е заедно со Лука Тони (Фиорентина) и Одемвинге (Гетафе). Средниот ред во идеалниот состав го сочинуваат: Серхио (Депортиво), Чаби Алонсо (Ливерпул) и Боа Морте (Фулам). Во одбраната изборот е паднат на Паулидо (Гетафе), Наваро (Севиља), Гери Кахил (Астон Вила). Голман на колото е Антонио Кименти (Каљари)."Изненаден сум од овој избор со кој сум во идеалниот тим во Европа. Можно е денеска да бидам избран и за играч на колото во Италија откако и тука се најдов меѓу најдобрите 11", вели Пандев, кој во саботата го постина јубилејниот 10. гол во Серија А за оваа сезона.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home