Wednesday, April 19, 2006

Милан со нов спонзор на дресовите

Италијанските медиуми објавија дека Милан е многу блиску до потпишување на висок спонзорски договор со интернет обложувалницата "Бетендвин", чие лого ќе го носат на дресовите во иднина. Информациите се дека потпишувањето на договорот ќе се случи утре, ден по полуфиналната средба со Барселона во Лигата на шампиони. "Бетендвин" за правото нивното лого да се најде на дресовите на Милан ќе плаќа по 15 милиони евра по сезона и тоа во наредните четири сезони. Со ова тие ќе го заменат германскиот автомобилиски гигант Опел, кој е спонзор на "росоњерите" во измитативе 12 години. Интересно е тоа што договор од 60 милиони кој ги прифати Милан е за цели 23 милиони евра од она што "Бетендвин" и го понудија на Барселона пред стартот на оваа сезона, а беа одбиени.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home