Wednesday, April 19, 2006

на мене и моите другари ни здосади :)

da
* Во соблекувалните на "црвено-црните" физички нападнати Ертан Демири, кој добил удар со нога во главата, како и младиот Дејан Костуранов, и двајцата фудбалери кои во пролетниот дел немаат настапено ниту една минута за клубот.* Потежок инцидент спречиле капитенот Љупчо Кметовски, Арбен Нухији и уште неколку фудбалери а подоцна и припадниците на МВР кои го испитуваа целиот случај.Вчера, десеттина минути пред почетокот на редовниот попладневен тренинг на Вардар група од дваесеттина членови на најверните вардарови навивачи упаднала во соблекувалната на "црвено-црните" при што во обидот да се пресметаат со своите миленици физички ги нападнале фудбалерите Ертан Демири, кој добил удар со нога во главата, како и 19-годишниот трет голман во клубот Дејан Костуранов. Потежок инцидент е спречен, а целиот случај е евидентиран во Министерството за внатрешни работи.Незадоволни од катастрофално лошите игри на својот тим кои кулминираа по неделниот пораз од Ренова фановите на нашиот најтрофеен клуб (според очевидците мешана група од "Комити" и "Лојал Фанс") се одлучиле со радикални мерки да им укажат на "вардарци" дека веќе нема да го толерираат нивниот однос кон клубот. Упаѓајќи во соблекувалните на Вардар, во поттрибинскиот простор на "Градски", еден од "навивачите" веднаш со нога во лицето го удрил Демири. Паралелно во тие неколку секунди бил нападнат и Дејан Костуранов. Во моментот, иако збунети и уплашени од целата ситуација, интервенирале пред с$ капитенот Љупчо Кметовски, Арбен Нухији и уште неколку фудбалери кои спречиле и потежок инцидент. Во соблекувалната биле поголемиот дел од вардаровите првотимци како и членови на стручниот штаб и на управата на клубот при што секој од нив се обидувал да се извлече како знае и умее. За среќа, ако е тоа воопшто среќа, останало само на "полесните" удари кон Демири и Костуранов притоа нормално пропратено со серија дополнителни навреди и закани... Откако ги "посетиле" фудбалерите, напаѓачите се упатиле и кон соседната просторија каде биле присутни неколку членови на раководните структури во клубот при што и таму поделиле неколку "совети", меѓутоа без физички мерки... Во таа мешаница веднаш биле повикани и припадниците на МВР кои само по кратко време со две комбиња дошле на Градскиот стадион каде официјално се земени изјави од сите учесници во инцидентот... Од целиот случај ќе произлезе официјален државен записник, меѓутоа ќе остане запишан уште еден немил настан во и околу нашиот најтрофеен клуб. И да не се штрајковите на фудбалерите... И да не се јавните расправии на двете раководни "струи", секако од тимот од Градски секогаш ќе се најде нешто што ќе ја анимира домашната спортска јавност.Инаку, од раководството на Вардар вчера не сакаа да коментираат за случајот...В.БулатовиќУДРЕНИ ФУДБАЛЕРИ КОИ ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ НЕМААТ НАСТАПЕНО НИТУ ЕДНА МИНУТАДемири: "Размислувам да го напуштам клубот..."Ако вардаровите навивачи решиле да удрат поради лошите игри на својот тим во пролетниот дел од сезоната тогаш дефинитивно згрешиле. Ертан Демири, поради повреда, нема настапено ниту една минута за клубот во пролетниот дел, како и 19-годишниот Дејан Костуранов кој е само трет голман во клубот."Не знам што да ви кажам. Во моментов единствено на што размислувам е да се консултирам со моето семејство и евентуално да го напуштам клубот...", беше првичниот коментар на Демири веднаш по вчерашниот инцидент, за откако малку се созеде да продолжи: "Апсолутно не знам зошто удрија токму на мене. Со што го заслужив ова? Како ме одбраа мене? Секогаш сум се трудел да го дадам максимумот во црвено-црниот дрес и сите многу добро го знаат тоа. Сум играл и повреден само за интересот на Вардар... Утре очекувам разговор со управата на клубот за да го дефинираме мојот статус... Сакам да бидам фер кон управата, кои ги покрија комплетните трошоци за мојата операција и постоперативниот процес, и да го одработам мојот договор до јуни, меѓутоа пред с$ јас, моето семејство и моето здравје сме најважни... Ќе разговараме, па ќе видиме...".НАВИВАЧИТЕ СО ПОРАКИ ДО ФУДБАЛЕРИТЕ"Ако продолжите вака, ве чека полошо..."Најверните навивачи на Вардар, "Комитите" и "Лојал Фанс", и по инцидент продолжиле со упатувањето "пораки" до "црвено-црните" фудбалери..."Не заслужувате да го носите дресот на Вардар... Одете си од клубот... Испотето го малку дресот... Ако продолжите со ваквите игри ве чека и уште полошо", биле само дел од заканите на вардаровите фанови.Балкански сидромИ македонскиот фудбал го завладеа балканскиот сидром. Минатата година навивачите на Динамо Загреб, "БББ", по слабите игри на својот клуб исто така физички ги "воспитуваа" фудбалерите. "Гробарите" веќе континуирано се поврзуваат со серија напади врз фудбалери на Партизан, а пред само неполн месец од страна на членови на "Торцида" беше буквално претепан новиот тренер на Хајдук, Лука Боначиќ... "Конечно" на ред дојде и најтрофејниот македонски клуб, Вардар.

1 Comments:

Blogger Filip Totti said...

леле шо збориш бе работнички кој кур се бе еве вардар и без пари за леб па пак се на трето место кој се тие работнички бе две сезони се јаки ајде сите за работнички за кој беше ти пред да ги купи костовски работнички?????
а абе бето кај може работнички со варда р види у историја малце колку титули има рабитнички а колку вардар

12:35 PM

 

Post a Comment

<< Home