Monday, April 24, 2006

Сенегал заинтересиран за Трапатони

Познатиот италијански тренер, Џовани Трапатони е на најдобар пат да стане нов селектор на Сенегал, една од најдобрите африкански селекции, која е во сериозна криза откако не успеа да се пласира на Светското првенство во Германија."Не е тајна дека сакаме искусен европски тренер, а нашиот избор падна на Трапатони", изјави претседателот на Сенегалскиот фудбалски сојуз, Мбаје Ндоје. Сенегал нема селектор откако ова место беше испразнето по заминувањето на Абдулаје Сар по Купот на африкански нации, во февруари оваа година.Трапатони, во моментов е без ангажман, откако доби отказ од Штутгарт, а во својата богата тренерска кариера, ја водеше италијанската репрезентација на Светското првенство во 2002 година и на Европското, две години подоцна.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home