Wednesday, May 03, 2006

Пандев во Фиорентина за Л.Ш!?

*Удинезе ја продава сопственоста над струмичанецот на тимот од "Артемио Франки" *"Понудите годат а цената расте", се зборовите на Пандев.
Слатки проблеми за Горан Пандев. Нашиот најдобар фудбалер во саботата уште еднаш му сервираше победа на Лацио со асистенцијата над Лече преку која тимот од "Олимпико" дојде до победа од 1:0 и до место во Купот на УЕФА. Серија А е во самиот финиш а со тоа се разгоруваат понудите до најдобрите фудбалери. Лацио е на удар за Пандев. По најавите од Вердер сега и останатите клубови во Италија јавно го кажуваат интересот за најдоброто од Македонија. "Постојано добивам повици од новинарите во Италија кои прашуваат за сите информации кои стигнале до нив. Најновата вест поврзана со мене е интересот од Фиорентина. Има најави дека Удинезе ќе ги продаде оние 50% од мојата сопственост на 'виолетовите' кои од следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Мене ми е добро во Лацио но....", изјавува Пандев кој има тешки дилеми кои ќе станат уште поголеми по крајот на шампионатот на Серија А. "Ни самиот не знам каде ќе играм од следната сезона. Лацио, Вердер, Удинезе, Фиорентина...има и други варијанти. Ако јас одлучувам би заминал во клуб кој би играл во Лигата на шампионите. За Фиорентина има комбинации кои траат со месеци. Вердер исто така не се откажува. Лацио ќе игра во Купот на УЕФА и тука ми е добро но се зависи од финансиите. Сите понуди кои доаѓаат само ми ја качуваат цената. Можеби ќе биде најдобро да останам барем уште една сезона во Рим", ги кажува свите ставови струмичанецот кој во оваа сезона беше главниот столб во играта на Лацио кој иако е во финансиска криза успеа да стигне до 6. место и пласман во евро-куповите. Најавите за трансферот на Пандев во Фиорентина се реални со оглед на тоа дека "виолетовите" летово планираат да го продадат најдоброт стрелец Лука Тони а како платежно средство за Пандев ќе биде отстапницата на Валери Божинов во Удинезе. Само да потсетиме дека како дел од трампа Пандев стигна во Лацио кога Интер во свите редови го донесе Дејан Станковиќ а клубот од Милано лани се откажа од струмичанецот кога го купи Пизаро од Удинезе со што оваа екипа доби 50% од сопственоста врз нашиот најдобар фудбалер. Според договорот Пандев во јуни треба да се пресели во Удинезе и таму треба да остане до 2008 година но по сите понуди кои стигнаа тимот од Удине секогаш ќе остане во втор план. "Желбата на Пандев е да остане во Лацио. Тој и клубот се обидуваат да најдат решение како ќе останат заедно и во следната сезона", е изјавата на Карло Палавичино, скаутот на нашиот репрезентативец за медиумите во Италија

0 Comments:

Post a Comment

<< Home