Tuesday, February 20, 2007

Вицови

Буш - Бранко

Џорџ Буш дошол на посета во Македонија и како што е редот Бранко го однел на прошетка низ Скопје, се шетале, муабетеле и само гледаат човек како моча на улица, Буш извадил пиштол и го убил човекот. Бранко изнервиран го прашал зошто го убил човекот. Буш ладнокрвно му одговорил:- Епа кај нас во Америка, кога ќе видиме некој човек како моча на улица го убиваме...После некое време, Бранко ја посетил Америка... Се шетале по улица и гледаат некој човек како моча... Бранко го извадил пиштолот и го убил човекот за да му врати на Буш.Следниот ден во весник:"Убиен Македонскиот амбасадор во Америка."
***
Земјотрес

Како настанал земјотресот?- Црногорец земал лопата да копа и земјата отворила уста да се смее.
***
Ебење
Ретардираниот Трпе му вика на другарот:- Не ме еби во здрав мозок.


Wednesday, May 03, 2006

Пандев во Фиорентина за Л.Ш!?

*Удинезе ја продава сопственоста над струмичанецот на тимот од "Артемио Франки" *"Понудите годат а цената расте", се зборовите на Пандев.
Слатки проблеми за Горан Пандев. Нашиот најдобар фудбалер во саботата уште еднаш му сервираше победа на Лацио со асистенцијата над Лече преку која тимот од "Олимпико" дојде до победа од 1:0 и до место во Купот на УЕФА. Серија А е во самиот финиш а со тоа се разгоруваат понудите до најдобрите фудбалери. Лацио е на удар за Пандев. По најавите од Вердер сега и останатите клубови во Италија јавно го кажуваат интересот за најдоброто од Македонија. "Постојано добивам повици од новинарите во Италија кои прашуваат за сите информации кои стигнале до нив. Најновата вест поврзана со мене е интересот од Фиорентина. Има најави дека Удинезе ќе ги продаде оние 50% од мојата сопственост на 'виолетовите' кои од следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Мене ми е добро во Лацио но....", изјавува Пандев кој има тешки дилеми кои ќе станат уште поголеми по крајот на шампионатот на Серија А. "Ни самиот не знам каде ќе играм од следната сезона. Лацио, Вердер, Удинезе, Фиорентина...има и други варијанти. Ако јас одлучувам би заминал во клуб кој би играл во Лигата на шампионите. За Фиорентина има комбинации кои траат со месеци. Вердер исто така не се откажува. Лацио ќе игра во Купот на УЕФА и тука ми е добро но се зависи од финансиите. Сите понуди кои доаѓаат само ми ја качуваат цената. Можеби ќе биде најдобро да останам барем уште една сезона во Рим", ги кажува свите ставови струмичанецот кој во оваа сезона беше главниот столб во играта на Лацио кој иако е во финансиска криза успеа да стигне до 6. место и пласман во евро-куповите. Најавите за трансферот на Пандев во Фиорентина се реални со оглед на тоа дека "виолетовите" летово планираат да го продадат најдоброт стрелец Лука Тони а како платежно средство за Пандев ќе биде отстапницата на Валери Божинов во Удинезе. Само да потсетиме дека како дел од трампа Пандев стигна во Лацио кога Интер во свите редови го донесе Дејан Станковиќ а клубот од Милано лани се откажа од струмичанецот кога го купи Пизаро од Удинезе со што оваа екипа доби 50% од сопственоста врз нашиот најдобар фудбалер. Според договорот Пандев во јуни треба да се пресели во Удинезе и таму треба да остане до 2008 година но по сите понуди кои стигнаа тимот од Удине секогаш ќе остане во втор план. "Желбата на Пандев е да остане во Лацио. Тој и клубот се обидуваат да најдат решение како ќе останат заедно и во следната сезона", е изјавата на Карло Палавичино, скаутот на нашиот репрезентативец за медиумите во Италија

меѓународен фудбал

Купот на Франција за ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Купот на Франција, откако на стадионот Сен Дени го победија Олимпик Марсеј со 2:1. Предност на "светците" им донесе Бонавентур Калу по само четири минути игра, а на стартот од вториот дел, зголеми Дорасо. Конечниот резултат го постави Маулида во средината на второто полувреме, но до крајот, Олимпик не успеа да стигне до изедначување. Инаку, ова е седма титула за ПСЖ во Купот на Франција.

Челзи "падна" на Ивуд Парк

Блекбурн славеше со минимални 1:0 на натпреварот против Челзи во заостанатиот натпревар од англиската Премиер-лига. Роби Севиџ погоди директно од скратен корнер во 43. минута од мечот, обезбедувајќи му на тимот на Марк Хјуз учество во Купот на УЕФА за следната сезона. За одбележување е дека актуелниот шампион на оваа средба настапи без голманот Петр Чех и капитенот Џон Тери, додека Џо Кол и Даф влегоа во игра дури во второто полувреме.

Ван Бомел не оди во Баерн

Фудбалерот за врска на Барселона Марк ван Бонел ги негираше шпеклулациите дека во летниот преоден рок би можел да се пресели во Баерн Минхен. "Пред три до четири недели од управата на Баерн се распрашуваа, но веднаш од мене, а и од челниците на Барселона добија негативен одоговор. Јас не сакам да си заминам од Барселона, а и клубот не е расположен да ме пушти. Убаво ми е тука и сакам уште долго да го носам дресот на овој клуб", вели Холанѓанецот. Баварците се заинтересираа за услугите на ван Бомел како замена во тимот за капитенот Михаел Балак, кој повеќе од извесно е дека ова лето ќе му се приклучи на Челзи. Ван Бомел пред стартот на оваа сезона пристигна на Ноу Камп од ПСВ и има договор со каталонците до 2008. Иако не може да смета на сигурно место во првиот тим на Барса, тој инсистира да го одработи договорот со Барса.

Реал Мадрид се сврте кон Ериксон

Актуелниот тренер на Милан, Карло Анчелоти ги демантираше шпекулациите дека на лето ќе се пресели во екипата на Реал Мадрид, па управата на шпанскиот прволигаш, своето внимание го насочи кон селекторот на Англија, Свен Горан Ериксон."Нема шанси да станам тренер на Реал Мадрид. Тоа е моја конечна одлука", им изјави Анчелоти на новинарите во понеделникот.Раководството на Реал, веднаш штом ја слушна изјавата на Анчелоти, тргна во потрага по ново име и го најде во актуелниот селектор на англиската репрезентација, Ериксон, кој по завршувањето на Светското првенство во Германија, ова лето, заминува од оваа функција и ќе биде слободен за нови предизвици. Своевремено, менаџерот на шведскиот стручњак потврди дека би сакал да го тренира "кралскиот клуб", но засега нема службена потврда дека двете заинтересирани страни седнале на преговори.

Инзаги повикан во тренинг-кампот на "азурите"

Фудбалерот на Милан, Филипо Инзаги е повикан во тренинг-кампот на италијанската репрезентација пред претстојното Светско првенство во Германија. Изборот на играчите на Липи за дводневниот тренинг-камп, кој се одржува вчера и денеска, би требало да биде добар показател кои фудбалери ќе патуваат на Мундијалот. Повикот на тој камп за Инзаги претставува личен триумф, бидејќи оваа сезона тој се врати во форма, по двете првенства обележани со повреди на скочниот зглоб и колената."Селекторот Липи ме повика и ќе бидат во тренинг-кампот во Рим. Презадоволен сум бидејќи враќањето во националниот тим по двегодишно тсуство е нешто навистина прекрасно. Репрезентацијата е нешто посебно за секој фудбалер, ќе го давам својот максимум на тренинзите и ќе се обидам да се вклопам со играчите, иако поголемиот дел од нив добро ме познава", изјави Инзаги.Инаку, 32-годишниот навивач, кој зима 21 гол на 48 натпревари на репрезентацијата, не играл во националниот тим од октомври 2003 година, кога два пати се запиша во листата на стрелците во дуелот против Азербеџан, во квалификациите за Европското првенство. Липи, кој после тој шампионат го наследи Џовани Трапатони, досега ниеднаш не го повикал Инзаги.

МекКларен ќе биде именуван за селектор

Според најавите на англиските медиуми Стив МекКларен во текот на утрешниот ден би требало да биде именуван за иден селектор на "Гордиот Албион". Менаџерот на Мидлсброу падна во сенка минатата недела, откако се појави веста дека ФА започнала преговори со Луис Фелипе Сколари. Но, бразилскиот стратег ја одби понудата, по што сега сите информации се дека МекКларен ќе биде наследникот на Свен Горан Ериксон. "Јас само сакам ситуацијата да биде расчистена што е можно поскоро. ФА долго време ги разглеуваше опциите и време е да пресече. Јас во моментов сум фоскусиран само на настапите на Мидлсброу и подготовките за настап во финалето од Купот на УЕФА. Бев разочаран кога му ја понудија функцијата на Сколари и мислев дека се е готово. Но, сега повторно сум во комбинација. Се разбира дека ја посакувам селекторската функција, тоа е мој голем сон. Го чекам повикот од ФА", истакна МекКларен. Меѓу кандидатите за нов селектор се уште Сем Алардајс, Алан Карбишли и Мартин О'Нил, но информациите се дека промовирањето на МекКларен е повеќе од сигурна работа.

Карбишли го напушта Чарлтон

Алан Карбишли објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Чарлтон по 15 години минати во клубот. Карбишли е еден од кандидадите во потесениот избор на ФА за нов селектор, но тој демантираше дека интервјуто за оваа функција има некаква врска околу неговиот избор. "Преговорите околу селекторската функција не се поврзани со оваа одлука. Минав 15 прекрасни години во Чарлтон, но дојде време за разделба. Јас не сакав да го продолжам договорот кој истекуваше идното лето и се договорив со управата уште сега да си заминам. Потребен ми е одмор и едно време не сакам да имам врска со фудбалот", истакна Карбишли. 48-годишниот стратег во 1991 беше именуван за менаџер на Чарлтон заедно со Стив Грит, а од 1995 е сам на менаџерската фунцкија по повлекувањето на Грит.

Диаби го повреди зглобот

Лошиот викенд со повредите во Премиер-лигата го зафати и Арсенал, кој го загуби Абу Диаби поради скршеница на зглобот. 19-годишниот фудбалер од средниот ред повредата ја заработи на дуелот со Сандерленд, кој "топчиите" го добија со 3:0. Младиот Французин повредата ја заработи во судиското продолжение при еден старт на Ден Смит. Од Хајбери потврдија дека Диаби поради повредата ќе ги пропушти последните две кола од Премиер лигата против Манчестер Сити и Виган, како и финалето од Лигата на шампиони со Барселона. "Смит воопшто немаше намера да оди на топката. Тој одеше да го повреди фудбалер. Такво нешто е недозволиво. Тој старт беше апсолутно непотребен, но има луѓи кои на теренот очигледно не мислат на фудбалот", изјави лутиот Венгер. Добра веста за Арсенал е тоа што на мечот со Сандерленд по долгата пауза се врати Ешли Кол и настапи како резерва.

Лизаразу во пензија

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Биксент Лизаразу, откри дека по завршувањето на оваа сезона ќе стави крај на својата богата фудбалска кариера. "Мојот последен натпревар во дресот на Баерн ќе го одирам на 13 мај. Веќе подолго време размислував на оваа тема, и сфатив дека ќе биде најдобро за сите ако заминам во пензија. Се уште имам страст кон фудбалот, и затоа ја прифатив работата како стручен консултант во телевизијата Канал Плус", изјави 36-годишниот Лизаразу. Францускиот ветеран беше дел од шампионските генерации на "триколорите" во 1998 и 2000 година, а со тимот на Баерн Минхен во 2001 година успеа да триумфира и во Лигата на шампионите. Во текот на своите настапи во дресот на баварскиот гигант Лизаразу стигна до пет титули во Бундес-лигата и пет титули во Купот на Германија.

Пизаро, куп-херој на Баерн

Баерн Минхен е на најдобар пат да стане првата екипа во историјата што две години по ред ќе ја освои двојната круна во Германија. Баварците во саботата успеаја да триумфираат во националниот куп на Германија, откако го совладаа Ајнтрахт со минимални 1:0.Интересно е што Ајнтрахт беше екипата што доминираше во најголемиот дел од мечот, но Баварците со многу среќа дојдоа до победата, благодарение на голот на Пизаро во 59. минута (по корнерот на Зе Роберто). "Факт е дека не игравме како што знаеме, а Ајнтрахт немаше што да загуби. Како и да е, се бројат титулите, а ние успеавме да дојдеме до уште еден трофеј", истакна Хасан Салихамиџиќ.

Реџина - Јуве на неутрален терен

Натпреварот од последното коло во Серија "А", меѓу екипите на Реџина и Јувентус, ќе се одигра на неутрален терен. Оваа одлука ја донесе Дисциплинската комисија при Серија "А", која го суспендираше теренот на Реџина поради низата инциденти на неделниот меч со Месина (еден домашен навивач истрча на теренот и го удри гостинскиот голман). Доколку Реџина не биде во можност да настапи пред своите гледачи, тоа ќе биде големо олеснување за тимот на Јувентус, кој на таа средба ќе треба да ја осигура шампионската титула. Од останатите казни, најлошо мина тимот на Рома, кој на домашен терен против Тревизо ќе мора да настапи без Мансини, Дакур, Перота и Мексес. За Месина идниот викенд против Емполи нема да можат да настапат Паризи, Зоро и Донати, додека ослабена ќе мора да биде и Реџина, која на дуелот со Фиорентина ќе биде без услугите на Тедеско и Коца.

Тоти на клупата против Интер

Денеска на Олимпико ќе се одигра првиот финален натпревар од Купот на Италија меѓу екипите на Рома и Интер. Беше најавено дека капитенот на Рома, Франческо Тоти, ќе се врати во првиот тим на Римјаните за оваа средба, но тренерот Лучијано Спалети ги негираше ваквите шпекулации. "Тоти е вклучен во составот, но тоа е направено само за да се подобри атмосферата во тимот. Најискрено се надевам дека тој ќе може да одигра триесетина минути од неделниот меч со Тревизо, Тоти сигурно нема да игра против Интер бидејќи не е подготвен за такво нешто", истакна кормиларот на "римската волчица". Интересно е што ова е реприза од ланското финале од Купот на Италија, кое Интер го доби со вкупен резултат од 3:0. Кормиларот на Интер, Роберто Манчини, важи за специјалист за освојување трофеи во ова натпреварување. Манчини има вкупно девет пехари од Купот на Италија (шест како играч, три како тренер).

Руни го скрши стапалото

Репрезентацијата на Англија доби голем удар во подготовките за Светското првенство. Вејн Руни на дербито со Челзи скрши коска во десното стапало и неговиот настап во Германија е во сериозна опасност. Напаѓачот повредата ја заработи во финишот од средбата по еден старт на Пауло Фереира. Прогнозите се дека Руни ќе паузира околу шест недели, што значи дека би можел да биде подготвен за настап на Мундијалот. Токму затоа ФИФА им дозволи на англичаните да го пролонгираат пријавувањето на Руни до 9 јуни, само 24 часа пред дуелот со Еквадор. Претходно ФИФА донесе одлука конечните списоци на репрезентативци да се достават до 15 мај, но "Гордиот Албион" доби посебна дозвола да го пролонгира рокот за Руни. Доколку до 10 јуни не го пријават напаѓачот нема да може да настапува на Мундијалот. Ериксон претходно објави дека сигурно ќе го вклучи Руни во патниците за Германија, што наиде на остра реакција од Сер Алекс Фергусон, кој порача дека нема да дозволи да се ризикува со напаѓачот и дека клубот ќе го има последниот збор околу тоа дали Руни може да настапи во Германија. Ова доведе до конфликт во односите меѓу федерацијата и Манчестер Јунајтед, но од ФА се децидни дека нема такво нешто и дека двете страни работата заеднички на случајот. "Нема никакви недоразбирања. Постојано комуницираме со клубот и селекторот Ериксон и Фергусон имаат одлична комуникација. Сите работиме заеднички да се најде решение кое е најдобро за Вејн, за клубот и за репрезентацијата", истакна портпаролот на ФА. Рехабилитацијата на Руни ќе ја водат клупските лекари на Манчестер, но заедно со нив се и лекарите на националниот тим, кои треба да одлучат дали тој ќе може да настапи на Мундјалот. Црниот викенд за англичаните го комплетираше и повредата на зглобот на Џон Тери на истиот меч поради која ќе ги пропушти последните две кола од сезоната, но се очекува да биде "фит" за Мундијалот.

Monday, April 24, 2006

Сенегал заинтересиран за Трапатони

Познатиот италијански тренер, Џовани Трапатони е на најдобар пат да стане нов селектор на Сенегал, една од најдобрите африкански селекции, која е во сериозна криза откако не успеа да се пласира на Светското првенство во Германија."Не е тајна дека сакаме искусен европски тренер, а нашиот избор падна на Трапатони", изјави претседателот на Сенегалскиот фудбалски сојуз, Мбаје Ндоје. Сенегал нема селектор откако ова место беше испразнето по заминувањето на Абдулаје Сар по Купот на африкански нации, во февруари оваа година.Трапатони, во моментов е без ангажман, откако доби отказ од Штутгарт, а во својата богата тренерска кариера, ја водеше италијанската репрезентација на Светското првенство во 2002 година и на Европското, две години подоцна.

Wednesday, April 19, 2006

на мене и моите другари ни здосади :)

da
* Во соблекувалните на "црвено-црните" физички нападнати Ертан Демири, кој добил удар со нога во главата, како и младиот Дејан Костуранов, и двајцата фудбалери кои во пролетниот дел немаат настапено ниту една минута за клубот.* Потежок инцидент спречиле капитенот Љупчо Кметовски, Арбен Нухији и уште неколку фудбалери а подоцна и припадниците на МВР кои го испитуваа целиот случај.Вчера, десеттина минути пред почетокот на редовниот попладневен тренинг на Вардар група од дваесеттина членови на најверните вардарови навивачи упаднала во соблекувалната на "црвено-црните" при што во обидот да се пресметаат со своите миленици физички ги нападнале фудбалерите Ертан Демири, кој добил удар со нога во главата, како и 19-годишниот трет голман во клубот Дејан Костуранов. Потежок инцидент е спречен, а целиот случај е евидентиран во Министерството за внатрешни работи.Незадоволни од катастрофално лошите игри на својот тим кои кулминираа по неделниот пораз од Ренова фановите на нашиот најтрофеен клуб (според очевидците мешана група од "Комити" и "Лојал Фанс") се одлучиле со радикални мерки да им укажат на "вардарци" дека веќе нема да го толерираат нивниот однос кон клубот. Упаѓајќи во соблекувалните на Вардар, во поттрибинскиот простор на "Градски", еден од "навивачите" веднаш со нога во лицето го удрил Демири. Паралелно во тие неколку секунди бил нападнат и Дејан Костуранов. Во моментот, иако збунети и уплашени од целата ситуација, интервенирале пред с$ капитенот Љупчо Кметовски, Арбен Нухији и уште неколку фудбалери кои спречиле и потежок инцидент. Во соблекувалната биле поголемиот дел од вардаровите првотимци како и членови на стручниот штаб и на управата на клубот при што секој од нив се обидувал да се извлече како знае и умее. За среќа, ако е тоа воопшто среќа, останало само на "полесните" удари кон Демири и Костуранов притоа нормално пропратено со серија дополнителни навреди и закани... Откако ги "посетиле" фудбалерите, напаѓачите се упатиле и кон соседната просторија каде биле присутни неколку членови на раководните структури во клубот при што и таму поделиле неколку "совети", меѓутоа без физички мерки... Во таа мешаница веднаш биле повикани и припадниците на МВР кои само по кратко време со две комбиња дошле на Градскиот стадион каде официјално се земени изјави од сите учесници во инцидентот... Од целиот случај ќе произлезе официјален државен записник, меѓутоа ќе остане запишан уште еден немил настан во и околу нашиот најтрофеен клуб. И да не се штрајковите на фудбалерите... И да не се јавните расправии на двете раководни "струи", секако од тимот од Градски секогаш ќе се најде нешто што ќе ја анимира домашната спортска јавност.Инаку, од раководството на Вардар вчера не сакаа да коментираат за случајот...В.БулатовиќУДРЕНИ ФУДБАЛЕРИ КОИ ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ НЕМААТ НАСТАПЕНО НИТУ ЕДНА МИНУТАДемири: "Размислувам да го напуштам клубот..."Ако вардаровите навивачи решиле да удрат поради лошите игри на својот тим во пролетниот дел од сезоната тогаш дефинитивно згрешиле. Ертан Демири, поради повреда, нема настапено ниту една минута за клубот во пролетниот дел, како и 19-годишниот Дејан Костуранов кој е само трет голман во клубот."Не знам што да ви кажам. Во моментов единствено на што размислувам е да се консултирам со моето семејство и евентуално да го напуштам клубот...", беше првичниот коментар на Демири веднаш по вчерашниот инцидент, за откако малку се созеде да продолжи: "Апсолутно не знам зошто удрија токму на мене. Со што го заслужив ова? Како ме одбраа мене? Секогаш сум се трудел да го дадам максимумот во црвено-црниот дрес и сите многу добро го знаат тоа. Сум играл и повреден само за интересот на Вардар... Утре очекувам разговор со управата на клубот за да го дефинираме мојот статус... Сакам да бидам фер кон управата, кои ги покрија комплетните трошоци за мојата операција и постоперативниот процес, и да го одработам мојот договор до јуни, меѓутоа пред с$ јас, моето семејство и моето здравје сме најважни... Ќе разговараме, па ќе видиме...".НАВИВАЧИТЕ СО ПОРАКИ ДО ФУДБАЛЕРИТЕ"Ако продолжите вака, ве чека полошо..."Најверните навивачи на Вардар, "Комитите" и "Лојал Фанс", и по инцидент продолжиле со упатувањето "пораки" до "црвено-црните" фудбалери..."Не заслужувате да го носите дресот на Вардар... Одете си од клубот... Испотето го малку дресот... Ако продолжите со ваквите игри ве чека и уште полошо", биле само дел од заканите на вардаровите фанови.Балкански сидромИ македонскиот фудбал го завладеа балканскиот сидром. Минатата година навивачите на Динамо Загреб, "БББ", по слабите игри на својот клуб исто така физички ги "воспитуваа" фудбалерите. "Гробарите" веќе континуирано се поврзуваат со серија напади врз фудбалери на Партизан, а пред само неполн месец од страна на членови на "Торцида" беше буквално претепан новиот тренер на Хајдук, Лука Боначиќ... "Конечно" на ред дојде и најтрофејниот македонски клуб, Вардар.

Милан со нов спонзор на дресовите

Италијанските медиуми објавија дека Милан е многу блиску до потпишување на висок спонзорски договор со интернет обложувалницата "Бетендвин", чие лого ќе го носат на дресовите во иднина. Информациите се дека потпишувањето на договорот ќе се случи утре, ден по полуфиналната средба со Барселона во Лигата на шампиони. "Бетендвин" за правото нивното лого да се најде на дресовите на Милан ќе плаќа по 15 милиони евра по сезона и тоа во наредните четири сезони. Со ова тие ќе го заменат германскиот автомобилиски гигант Опел, кој е спонзор на "росоњерите" во измитативе 12 години. Интересно е тоа што договор од 60 милиони кој ги прифати Милан е за цели 23 милиони евра од она што "Бетендвин" и го понудија на Барселона пред стартот на оваа сезона, а беа одбиени.

Горан Пандев во евро тимот на еуро спрт

Горан Пандев во евро тимот


Горан Пандев е првиот фудбалер од Македонија кој се најде во идеалниот состав на "Еуроспорт". Познатиот спортски ТВ канал вчера ги објави имињата на 11-те фудбалери кои го свртеа вниманието кон себе од сите европски лиги за изминатиот викенд. Пандев во саботата одигра маестрална партија за Лацио кога му даде два гола на Ливорно, а со тоа и нова победа на римјаните. Пандев, според "Еуроспорт", во нападот е заедно со Лука Тони (Фиорентина) и Одемвинге (Гетафе). Средниот ред во идеалниот состав го сочинуваат: Серхио (Депортиво), Чаби Алонсо (Ливерпул) и Боа Морте (Фулам). Во одбраната изборот е паднат на Паулидо (Гетафе), Наваро (Севиља), Гери Кахил (Астон Вила). Голман на колото е Антонио Кименти (Каљари)."Изненаден сум од овој избор со кој сум во идеалниот тим во Европа. Можно е денеска да бидам избран и за играч на колото во Италија откако и тука се најдов меѓу најдобрите 11", вели Пандев, кој во саботата го постина јубилејниот 10. гол во Серија А за оваа сезона.

Monday, April 17, 2006

меѓународен фудбал

Звезда со пресврт до трите бода
Црвена звезда повторно се спаси од пораз и ја задржа предноста од седум бода пред второпласираниот Партизан. "Црвено-белите" имаа негатива по првиот дел од натпревар против Хабитфарм во Ивањица, но благодарение на двата гола на најдобриот стрелец на екипата, Никола Жигиќ, во 61. и 80. минута од средбата, фудбалерите на Валтер Зенга стигнаа до победата и сега им недостасуваат шест бода во последните четири кола за да ја обезбедат шампионската титула. Во Белград, Партизан на својот стадион, пред повеќе од четири илјади гледачи, го совлада Борац од Чачак, а единствениот гол го постигна досегашниот капитен на младата репрезентација на Србија и Црна Гора, Данко Лазовиќ. Ивица Краљ имаше неколку одлични интервенции на својот гол спречувајќи реализација на контранападите на гостинскиот тим, но факт е дека Партизан сосема заслужено стигна до трите бода, имајќи предвид дека ја имаше иницијативата во поголемиот дел од натпреварот, а фудбалерите на оваа екипа трипати ја погодуваа рамката на голот.Важен чекор во борбата за опстанок направи Земун, кој на свој терен славеше против Зета со 2:1, благодарение на голот на Продановиќ на 13 минути пред крајот. Вождовац се зацврсти на третата позиција на табелата откако славеше на гостувањето кај Смедерево, екипа која по овој пораз се наоѓа во многу незавидна ситуација.РЕЗУЛТАТИ:ЈЕДИНСТВО - ВОЈВОДИНА 1:1ЗЕМУН - ЗЕТА 2:1ХАБИТФАРМ - Ц.ЗВЕЗДА 1:2СМЕДЕРЕВО - ВОЖДОВАЦ 1:2ПАРТИЗАН - БОРАЦ 1:0БУДУЌНОСТ (П) - БУДУЌНОСТ (БД) 0:2ОБИЛИЌ - РАД 0:1ОФК БЕОГРАД - ХАЈДУКТАБЕЛА:1.Ц. Звезда 26 22 2 2 64:20 682.Партизан 26 19 4 3 45:16 613.Вождовац 26 14 4 8 45:31 464.Војводина 26 11 8 7 24:19 415.Хајдук 25 10 10 5 28:21 406.Зета 26 12 4 10 33:30 407.ОФК Београд 25 12 3 10 30:22 398.Будуќност (БД) 26 12 2 12 30:28 389.Земун 26 10 7 9 30:29 3710.Борац 26 10 6 10 24:25 3611.Смедерево 26 9 5 12 24:31 3212.Рад 26 8 4 14 25:29 2813.Хабитфарм 26 7 7 12 19:30 2814.Будуќност (П) 26 4 10 12 19:37 1915.Обилиќ 26 2 6 18 16:46 1216.Јединство (БП) 26 3 2 21 17:58 11


ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 33. КОЛО
Валенциа кепт тхе прессуре он Реал Мадрид ин тхе баттле фор тхе Примера Лига руннерс-уп спот, црусхинг Кинг'с Цуп њиннерс Еспанѕол 4-0 он Сундаѕ.А фирст-халф пеналтѕ фром леадинг сцорер Давид Вилла, сецонд-халф хеадерс фром Аргентине центре-бацк Роберто Аѕала анд субституте Миста анд а лате стрике фром Рубен Бараја кепт Валенциа сецонд ин тхе табле.Еспанѕол, њхо беат Реал Зарагоза 4-1 он Њеднесдаѕ то њин тхе Кинг'с Цуп, хад Едуардо Цоста анд Моисес Хуртадо сент офф ин тхе сецонд халф.АДВЕРТИСЕМЕНТДефеат лефт Мигуел Ангел Лотина'с сиде оне поинт цлеар оф а цонгестед релегатион зоне.Барцелона тоок а степ тоњардс ретаининг тхеир титле њитх а 1-0 вицторѕ овер Вилларреал он Фридаѕ, Самуел Ето'о нотцхинг хис 24тх гоал оф тхе сеасон.Њитх фиве гамес лефт Барца хаве 73 поинтс, 11 море тхан Валенциа анд 14 цлеар оф Реал Мадрид, њхо плаѕ Гетафе латер он Сундаѕ.Фоуртх-плацед Осасуна аре левел он 59 поинтс њитх Реал афтер тхеир 1-1 драњ њитх боттом теам Малага. На Риазор Ла Коруња и Севиља разочараа играјќи без голови, резултат кој не им одговара на двете екипи кои се борат за излез во Европа. Главни виновници за тоа што мрежите мируваа на овој меч се двајцата голмани Хозе Молина и Андрес Палоп, кои со неколку одлични интервенции ги спречија противничките напаѓачи да ги совладаат. Палоп со одлична рефлексна интервенција успеа да го спречи ударот на Чиско, а неколку минути подоцна на спротивната страна му се реваншираше Молина со сигурна реакција при ударот на Палоп. Извонредната форма на Марк Гонзалес во финишот од сезоната е надежта на Реал Сосиедад дека ќе обезбеди опстанок во Примера. Крилниот фудбалер на баскијците го реши победникот на дуелот со Расинг Сантандер со неговиот одличен волеј удар од 20. метри. Разочрувачко реми без голови одиграа Мајорка и Алавес во дербито на дното.ПРОБЛЕМИ ВО ОДБРАНАТА НА ВИЉАРЕАЛДва месеци пауза за Гонзало Родригез Виљареал сезоната ќе ја заврши ослабена со неиграњето на дефанзивецот Гонзало Родригез. 21-годишниот фудбалер на мечот со Барселона во петокот ги оштети лигаментите во левиот зглоб, повреда по која ќе паузира најмалку два месеци. Оваа вест ќе наиде на разочарување и кај шпанскиот селектор Луси Арагонес, кој сметаше на услугите на Родригез за Мундијалот по импресивната сезона во дресот на Виљареал. Во меѓувреме тренерот на "жолтата подморница" Мануел Пелегрини во пресрет на полуфиналниот дфуел со Арсенал во Лигата на Шампиони има дополнителни проблеми во одбраната затоа што и Хозе Мануел Пена и ги повреди лигтаментите во коленото на мечот со Барса и нема да патува на Хајбери. ЖОАКИН КАПАРОС:Ремито е реален исход"Важно е на дуели на кои не е можно да победиш да знаеш како да одиграш нерешено. Во второто полувреме игравме подобро од првото во кое делувавме загубено на теренот. Мислам дека иако не ни одговараше, ремито е реален исход од овој дуел. Сезоната е во финиш и се чувствува замор кај моите фудбалери. Тоа се забележуваше на дуелот со Севиља", истакна тренерот на Ла Коруња. РЕЗУЛТАТИ:БАРСЕЛОНА - ВИЉАРЕАЛ 1:0Ето 11'МАЈОРКА - АЛАВЕС 0:0Р. СОСИЕДАД - Р. САНТАНДЕР 1:0Гонзалес 74'ЛА КОРУЊА - СЕВИЉА 0:0ОСАСУНА - МАЛАГА 1:1Пунал 30' (п) - Моралес 80' БЕТИС - СЕЛТА 0:2Ларена 17', Перера 87'ВАЛЕНСИЈА - ЕСПАЊОЛ 4:0Виља 40' (п), Ајала 66', Миста 69', Бараха 86' САРАГОСА - КАДИЗ 1:2савио 20' - Лобос 43' (п), Павони 47' ГЕТАФЕ - РЕАЛ (М)АТЛЕТИКО (М) - АТЛЕТИК (Б) ТАБЕЛА1. Барселона 33 22 7 4 73:29 732. Валенсија 33 17 11 5 49:28 623. Реал (М) 32 17 8 7 57:29 594. Осасуна 33 18 5 10 44:39 595. Селта 33 17 3 13 36:30 546. Севиља 33 15 8 10 40:33 537. Ла Коруња 33 14 9 10 43:38 518. Виљареал 33 12 13 8 42:32 499. Гетафе 32 13 7 12 46:41 4610. Атлетико (М) 32 11 11 10 41:33 4411. Сарагоса 33 9 15 9 41:42 4212. Бетис 33 9 10 14 30:44 3713. Атлетик (Б) 32 8 11 13 33:39 3514. Р. Сосиедад 33 10 5 18 41:58 3515. Р. Сантандер 33 7 13 13 28:38 3416. Еспањол 33 8 10 15 31:51 3417. Мајорка 33 7 13 13 30:46 3418. Алавес 33 7 12 14 32:47 3319. Кадиз 33 7 10 16 27:45 3120. Малага 33 5 9 19 32:54 24ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 24 гола - Самуел Ето (Барселона); 19 гола - Давид Виља (Валенсија); 15 гола - Роналдињо (Барселона)ИДНО КОЛО (23.04.2006)Виљареал - Р. Сосиедад; Алавес - Атлетико (М); Селта - Сарагоса; Атлетик (Б) - Валенсија; Кадиз - Ла Коруња; Еспањол - Бетис; Мајорка - Осасуна; Р. Сантандер - Гетафе; Реал (М) - Малага; Севиља - Барселона


Челзи на четири бода од титулата
Челзи има причини за радост по комплетирањето на 34. коло по кое четири бода ги делат од одбрана на титулата. Четата на Мурињо максимално го искористи "киксот" на Манчестер и со победата на гости кај Болтон се најде многу блиску до нов трофеј. Болтон можеше да го отвори резултатот, но Боргети од непосредна близина го погоди дирекот од голот на немоќниот Чех. Иако не импресионираше со играта Челзи успеа на полувреме да замине со предност. Лампард изведе слободен удар по кој во скок се најдоа Тери и Дрогба, кои заеднички ја допреа топката со глава на пат кон мрежата, но на крајот голот му беше припишан на дефанзивецот. Работата околу победата Челзи ја заврши во 59. минута кога Лампард по асистенцијата на Креспо го постигна својот 15. гол сезонава, со кој стана рекордер според постигнатите голови во една сезона за играч за врска. Лошиот ден на Болтон го комплетирше исклучувањето на Тал Бен Хаим поради два жолти картони. "Јасно е дека сме многу блиску до одбрана на титулата, но прерано е да славиме. Треба да се фокусираме на последните четири кола на кои треба да обезбедиме четири бода. Кога и теоретски ќе ја обезбедиме титулата тогаш може да славиме. Тери уште еднаш покажа дека е најдобар дефанзивец на светот, а знае и да постигнува голови", истакна Мурињо по победата над Болтон. Тотенхем е на добар пат да ја задржи четвртата позиција која го носи во Лигата на шампиони идната сезона. "Спарси" минимално славеа на гости кај Евертон со голот од пенал на Роби Кин по стартот на Стабс врз него во шеснаесетникот. Дефо на 18 минути пред крајот имаше одлична можност да ја зголеми предноста на гостите, но неговиот удар заврши во гредата од голот на Рајт. "Ова беше многу важна средба за нас и задоволен сум што дојдовме до победа. Евертон е силен тим , но ние успеавме да ги надиграме. Жалам само што не постигнавме повеќе голови, затоа што ги заслуживме", вели менаџерот на Тотенхем, Мартин Јол. Резервистот Бергкамп со асистенција и гол го предводеше Арсенал во триумфот над Вест Бромвич, кој се закани со израмнувачкиот гол на Куаши на 12. минути пред крајот. Но ветеранот Бергкамп со асистенција за Пирес и потоа со гол во свој стил од 20. метри ги остави бодовите на Хајбери. Роби Фаулер со својот четврти гол во последните пет кола ја продолжи победничката серија на Ливерпул на седум средби. "Црвените" славеа со 1:0 на гости кај Блекбурн. Фаулер победничкиот гол го постигна во 29. минута кога изби сам пред голот на Фридел по двојната комбинација со Мориентес. Милан Барош со двата свои гола беше клучна фигура на градското дерби во кое Астон Вила славеше со 3:1 над Бирмингем. Гостите успеаја само да израмнат на 1:1, но Кејхил со прекрасен деби гол за Вила и Барош со својот втор гол му ја донесоа победата на домашниот тим. РАФА БЕНИТЕЗ:Го исполнивме планот"Планот кој го имавме за оваа средба се покажа успешен. Блекбурн има брзи напаѓачи и затоа игравме поповлечено, а шансата ја чекавме од контри. И со ваква игра ние создававме шанси и заслужено победивме на гости кај силен противник. Задоволен сум од тоа како мојот одигра денеска", истакна стратегот на Ливерпул по триумфот над Блекбурн. АРСЕН ВЕНГЕР:Бергкамп и натаму е екстра играч"Бергкамп никогаш не загубил од својот огромен талент. И по 10 години минати на Хајбери тој и натаму прикажува одлични партии и решава дуели. Сметав дека токму тој ни не недостасува не теренот. Се надевав на неговиот квалитет да ни помогне во финишот и тој одигра беспрекорно. Целиот тим одлично реагираше по израмнување и создаваше шанси кои ни ја вратија предноста", изјави менаџерот на Арсенал. ПРЕМИЕР ЛИГА - 35. КОЛО"Цревните ѓаволи" без право на нова грешкаМанчестер Јунајтед доколку сака да ги задржи теоретските шанси за титулата мора да победи на гострувањето кај Тотенхем, кој, пак, е во потрага по нови бодови за пласман во Лигата на шампиони. Шансите се на страна на гостите затоа што Тотенхем нема ниту една победа на последните девет дуели со Манчестер. Доколку "Црвените ѓаволи" не слават на Вајт Харт Лејн Челзи на дуелот со Евертон ќе може да ја прославува одбраната на титулата. Интересна борба се очекува на Хоторнс каде Вест Бромвич е во очајна потреба од бодови за опстанок, но против себе ќе го има тимот на Болтон, кој доаќа со серија од пет порази и 334 минути без постигнат гол. Портсмаут патува на гости кај Чарлтон во потрага по победа за сочувување на позицијата која им гарантира опстанок во Премиер-лигата. ДВОЈКИПОНЕДЕЛНИКТОТЕНХЕМ - МАНЧЕСТЕР Ј. 13:45чСАНДЕРЛЕНД - ЊУКАСЛ 16чЧЕЛЗИ - ЕВЕРТОНМИДЛСБРОУ - ВЕСТ ХЕМЧАРЛТОН - ПОРТСМАУТВ. БРОМВИЧ - БОЛТОН 21чВТОРНИКВИГАН - А. ВИЛА 20:45чСРЕДАБИРМИНГЕМ - БЛЕКБУРН 20:45чРЕЗУЛТАТИ:МАНЧЕСТЕР Ј. - САНДЕРЛЕНД 0:0БОЛТОН - ЧЕЛЗИ 0:2Тери 44', Лампард 59'АРСЕНАЛ - В. БРОМВИЧ 3:1Хлеб 44', Пирес 76', Бергкамп 89' - Куаши 72' ЕВЕРТОН - ТОТЕНХЕМ 0:1Кин 33' (п)ФУЛАМ - ЧАРЛТОН 2:1Боа Морте 15', 30' - Јуел 26'ЊУКАСЛ - ВИГАН 3:1Ширер 28' (п), 66', Брамбл 36' - Булард 5'ПОРТСМАУТ - МИДЛСБРОУ 1:0О'Нил 54'ВЕСТ ХЕМ - МАН. СИТИ 1:0 Њутон 15'А. ВИЛА - БИРМИНГЕМ 3:1Барош 10', 78', Кејхил 56' - Сатон 26'БЛЕКБУРН - ЛИВЕРПУЛ 0:1 Фаулер 29'ТАБЕЛА1. Челзи 34 27 4 3 66:20 85 2. Манчестер Ј. 34 23 7 4 66:30 76 3. Ливерпул 35 22 7 6 49:22 73 4. Тотенхем 34 17 10 7 49:33 61 5. Арсенал 34 17 6 11 57:27 57 6. Блекбурн 34 16 6 12 45:40 54 7. Вест Хем 34 14 7 13 48:50 49 8. Болтон 33 13 9 11 43:38 48 9. Њукасл 34 14 6 14 39:41 48 10. Виган 34 14 6 14 39:43 48 11. Евертон 34 13 6 15 31:44 45 12. Чарлтон 34 12 8 14 38:44 44 13. Ман. Сити 34 12 4 18 40:41 40 14. Мидлсброу 33 11 7 15 45:55 40 15. А. Вила 34 9 12 13 37:47 3916. Фулам 34 11 6 17 43:55 39 17. Портсмаут 34 8 8 18 31:55 32 18. Бирмингем 34 7 8 19 26:48 29 19. В. Бромвич 34 7 7 20 29:52 28 20. Сандерленд 33 2 6 25 21:57 12ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:22 гола - Тиери Анри (Арсенал); 21 гол - Руд ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 16 гола - Дарен Бент (Чарлтон); 15 гола - Роби Кин (Тотенхем), Френк Лампард (Челзи)


Jуве се спаси во последен миг
Јувентус го одигра својот четврти нерешен натпревар во серија, со што предноста во однос на Милан, која до неодамна изгледаше недостижна, сега изнесува само пет бода. "Старата дама" во саботата едвај спаси бод на гостувањето против Каљари (1:1). Домаќините поведоа по сомнителниот пенал што Суазо го претвори во гол во финишот од првиот дел. Судијата му се оддолжи на Јувентус досудувајќи непостоечки пенал по еден старт врз Џанлука Ѕамброта. Сепак, Антонио Кименти беше расположен на голот на Каљари во дуелот со својот поранешен клуб и успеа да го одбрани ударот од белата точка на Алесандро дел Пјеро. Кименти имаше уште неколку фантастични одбрани, но беше немоќен при ударот на Фабио Канаваро во 95. минута, со кој "Старата дама" освои еден бод во Сардинија. "Би сакал да им честитам на моите фудбалери за фантастичната игра денеска. Не сакам да предизвикам контроверзи, но Каморанези мораше да биде исклучен кога намерно го удри нашиот фудбалер. Судијата се правеше дека не го виде, а подоцна токму Каморанези му асистираше на Канаваро при израмнувачкиот погодок", изјави тренерот на Каљари, Недо Сонети. Крајно интересен натпревар се одигра на Сицилија, каде Палермо се врати од 0:3 на полувремето и на крајот дојде до 3:3 против Рома. "Бевме подобар тим на теренот во најголемиот дел од мечот. Рома го искористи нашиот пад во играта и за десетина минути ни даде три гола. Сепак, моите фудбалери покажаа фантастичен карактер и со одлична игра во второто полувреме се изборија за бод. Штета што не искористивме некоја од шансите во финишот, ќе беше одлично ако направевме целосен пресврт", беше коментарот на кормиларот на Палермо, Џузепе Пападопуло. "Проблемот беше психички бидејќи моите фудбалери премногу опуштено го почнаа второто полувреме. Кога противникот стигна до 2:3 веќе почнавме да се плашиме, премногу лесно ја губевме топката и му дозволивме на Палермо да постигне и трет гол", прокоментира Лучијано Спалети. Ваквиот "кикс" на Рома го искористи Фиорентина, која со победата на гостувањето во Тревизо се врати на четвртото место на табелата. "На полувремето ги излажав моите фудбалери и им кажав дека Рома губи со 3:0 на Сицилија. Тоа влијаеше позитивно, тргнавме во целосна офанзива во вториот дел против Тревизо и дојдовме до посакуваните три бода", истакна Чезаре Прандели. Парма продолжува со фантастични игри. "Млекарите" славеа со 2:1 на гостувањето против Сампдорија продолжувајќи ја мизеријата на калчолигашот од Џенова (Самп е со скор од осум порази и едно реми во последните девет кола). "С$ течеше во најдобар ред, имавме водство и игра. Потоа Парма израмни и работите почнаа да се движат во обратна насока. Навистина не знам што ни се случува, фудбалерите ги исполнуваат задачите што им ги давам, но никако не успеваме да дојдеме до една победа во Калчо-лигата", изјави кормиларот на Самп, Валтер Новелино. Лацио се наоѓа многу близу до обезбедување учество во Купот на УЕФА за следната сезона откако славеше со 3:1 на мечот со Ливорно. "Гостите се решија за формација со згуснат среден ред и само еден напаѓач. Горд сум на моите фудбалери бидејќи не брзаа, беа максимално трпеливи и ги искористија шансите што ги создадовме", прокоментира Делио Роси по триумфот над Ливорно. Удинезе, конечно, успеа да побегне од опасната зона по победата од 2:1 на гостувањето против Лече. "На прв момент се чини дека ова беше лесна задача за нас, но ситуацијата на теренот беше многу посериозна. Лече се прикажа во солидно издание, а ова беше наш најслаб меч откако јас дојдов на кормилото на Удинезе. Сепак, добро е за тимот да победува и кога игра под своите можности", истакна шефот на стручниот штаб на "фриулијаните", Џовани Галеоне. РЕЗУЛТАТИМИЛАН - ИНТЕР 1:0Каладзе 70'КАЉАРИ - ЈУВЕНТУС 1:1Суазо 45' (п) - Канаваро 90'КИЕВО - МЕСИНА 2:0Семиоли 15', Обина 90' (п)ЕМПОЛИ - СИЕНА 2:1Тосто 36', Тавано 39' - Богдани 87'ЛАЦИО - ЛИВОРНО 3:1Одо 20' (п), Пандев 56', 72' - Колучи 52'ЛЕЧЕ - УДИНЕЗЕ 1:2Џакомаци 38' - Барето 25', Ди Натале 59'ПАЛЕРМО - РОМА 3:3Ди Микеле 50', Бароне 52', 79' - Тадеи 23', Мансини 29' (п), 30'РЕЏИНА - АСКОЛИ 2:0Де Роса 10', Аморузо 28'САМПДОРИЈА - ПАРМА 1:2Флаки 39' - Коради 52' (п), Брешано 89'ТРЕВИЗО - ФИОРЕНТИНА 1:3Бориело 39' - Тони 25', Броки 49', Монтоливо 86'ТАБЕЛА1. Јувентус 34 24 9 1 63:22 81 2. Милан 34 24 4 6 75:27 76 3. Интер 34 22 5 7 61:26 71 4. Фиорентина 34 19 8 7 57:37 65 5. Рома 34 18 10 6 64:36 64 6. Лацио 34 13 13 8 50:45 52 7. Киево 34 13 12 9 49:42 51 8. Палермо 34 11 13 10 46:47 46 9. Ливорно 34 11 11 12 34:41 44 10. Парма 34 12 8 14 42:52 44 11. Емполи 34 11 6 17 41:57 39 12. Сампдорија 34 10 8 16 45:47 38 13. Асколи 34 8 14 12 36:44 38 14. Удинезе 34 10 8 16 35:50 38 15. Реџина 34 10 8 16 34:54 38 16. Сиена 34 9 9 16 40:55 36 17. Каљари 34 7 13 14 35:48 34 18. Месина 34 6 13 15 32:49 31 19. Лече 34 6 6 22 26:54 24 20. Тревизо 34 2 10 22 19:51 16ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 28 гола - Тони (Фиорентина); 20 гола - Трезеге (Јувентус); 19 гола - Шевченко (Милан); 18 гола - Тавано (Емполи), Суазо (Каљари)ИДНО КОЛО (22.4.2006)Месина - Милан; Асколи - Каљари; Удинезе - Киево; Фиорентина - Емполи; Јувентус - Лацио; Ливорно - Палермо; Интер - Реџина; Рома - Сампдорија; Парма - Сиена; Лече - Тревизо"Росоњерите" сонуваат за реприза од 2000 годинаФудбалерите на Милан се надеваат дека Јувентус ќе ја прокоцка шансата да ја освои шампионската титула во Серија "А" исто како што тоа беше случај во 2000 година. Тогаш на четири кола до крајот "Старата дама" имаше пет бода предност во однос на Лацио, но серијата слаби игри придонесе Јуве во последното коло со пораз во Перуџа да го загуби скудетото, кое отпатува за Рим. Она што е интересно е податокот дека тогаш тренер на Јувентус беше актуелниот кормилар на Милан Карло Анчелоти. КОЈ СО КОГО ДО КРАЈОТ?Јувентус Милан35. коло Лацио (д) Месина (г)36. коло Сиена (г) Ливорно (д)37. коло Палермо (д) Парма (г)38. коло Реџина (г) Рома (д)Мацоне си понуди оставкаКарло Мацоне реши да поднесе оставка од тренерската функција Ливорно откако оваа екипа на гостувањето против Лацио го претрпе својот седми пораз во серија. "Сметам дека е моја морална обврска да поднесам оставка. Жалам што изгледа како да ги напуштам фудбалерите во моментите кога им е најтешко бидејќи тоа не е мојата цел. Благодарен сум им за напорите што ги вложуваа на секој тренинг, но очигледно е дека не успеваме да најдеме излез од кризата. Мојата оставка е понудена, а деновиве ќе се сретнат со претседателот Спинели, кој уште нема решено дали да ја прифати", истакна Мацоне. ПО ПОРАЗОТ НА ГРАДСКОТО ДЕРБИ ПРОТИВ МИЛАНАдриано бесен, си оди од ИнтерНајдобриот напаѓач на Интер, Адриано, не го криеше разочарувањето по свирежите што ги доби од навивачите на "неро-азурите" за време на градското дерби со Милан. Бразилецот има огромни проблеми со ефикасноста, во последните четири месеци постигна само три гола и неколкупати беше во конфликт со тренерот Роберто Манчини. "Јас сум фудбалер на Интер и секогаш сум го давал максимумот. Свирежите од трибините се најдобар показател дека не се цени она што јас го давам за клубот и можеби е време да почнам да размислувам за заминување од Џузепе Меаца", изјави Адриано. "Најважно е луѓето овде да бидат среќни. Ако Адриано сака да остане, ние ќе го задржиме. Ако реши да си замине, нема да му стоиме на патот", истакна претседателот на Интер, Џакинто Факети. Вредноста на Адриано на фудбалската берза изнесува околу 40 милиони евра. Инзаги неизвесен против БарсаКарло Анчелоти се соочува со сериозен проблем во пресрет на утрешниот меч од Лигата на шампионите против БарселонаФилипо Инзаги и натаму се мачи со повредата и е крајно неизвесен за настап против Барса, што е голем проблем ако се знае дека Супер-Пипо е најдобар стрелец во втората фаза од Лигата на шампионите. "Росоњерите" имаат подготвено специјална тренинг-програма за Инзаги да биде оспособен за настап, но последните информации од Италија говорат дека шансите тој да се појави во првиот тим се минимални. Ова значи дека Алберто Џилардино повторно ќе добие шанса како партнер на Шевченко во навалната линија на "росоњерите".
АМАНТИНО МАНСИНИ:Не смеевме да се опуштиме"Разочарани сме, и имаме причина за такво нешто. Одигравме фантастично прво полувреме и за само 45 минути поведовме со 3:0 против силниот тим на Палермо. Не смееме да се опуштиме, а го сторивме токму тоа. Премногу лабаво влеговме во вториот дел, а домаќините набрзина дадоа два гола и се вратија во ритам. Потоа следеше и израмнувањето, што за нас значи губење на два многу значајни бода во трката за четвртото место на табелата", прокоментира Бразилецот во редовите на Рома.
ЛУКА ТОНИ: Финишот ќе биде интересен"Резултатите од ова коло се фантастична најава дека во Италија ќе се игра интересен фудбал с$ до последното коло. Милан сега има реални шанси во трката за скудетото, додека ние сме во пол-позиција за освојување на четвртата позиција. Освоивме значајни три бода во Тревизо, а би сакал јавно да им се заблагодарам на моите поранешни соиграчи од Палермо за фантастичната игра и ремито против Рома", истакна најдобриот стрелец во Серија "А" сезонава.


Баерн и Хамбургер на исто растојание
На четири кола пред крајот на Бундес-лигата екипата на Баерн Минхен ја задржа предноста од четири бода пред Хамбургер во борбата за шампионската титула. Актуелниот шампион имаше многу проблеми на домашен терен против Арминија, но на крајот, сепак, оствари очекувана победа, со која ја врати самодовербата по неколкуте "киксови" во последните кола. На голот на баварскиот клуб повторно не беше првиот чувар на мрежата, Оливер Кан, кој доби силен удар во окото за време на загревањето, но неговата замена, Михаел Ренсинг немаше воопшто работа бидејќи поседот на топката беше убедливо на страната на Баерн. Во првите десетина минути Балак и Пизаро пропуштија неколку можности за гол, а фудбалерите на Арминија воопшто не помислуваа да направат некоја смислена акција. Сепак, иако ја имаа иницијативата, домашните беа катастрофални во реализацијата, па по 45 минути, сепак не успеаја да го отворат резултатот. На стартот од вториот дел Феликс Магат ги стави во игра Бастијан Швајнштајгер и Мехмет Шол, а двојната замена веднаш донесе резултат. Прво, во 69. минута Михаел Балак од над 20 метри го погоди дирекот, топката потоа удри во грбот на противничкиот голман Хаине и влезе во голот, за водство на Баерн од 1:0. Само четири минути, Мехмет Шол го постави конечниот резултат, откако шутираше од истата позиција, а гостинскиот чувар на мрежата беше немоќен."Одлично ни тргна во пресрет на Велигден бидејќи во средата го совладавме Сент Паули во полуфиналето од Купот, а сега успеавме да победиме против Арминија. Нашиот денешен противник е еден од најдобрите во делот на одбраната, па затоа имавме многу проблеми да го отвориме резултатот. Сепак, морам да ги пофалам моите играчи затоа што покажаа трпение и на крајот заслужено стигнаа до значајните три бода", истакна тренерот на Баерн, Феликс Магат.Хамбургер ја продолжи потерата по актуелниот шампион откако славеше на гостувањето кај последнопласираниот Дуисбург со 2:0. Домаќинот доминираше во текот на целиот натпревар, но Хамбургер ги постигна двата гола во првиот половина час и предноста успешно ја сочува до крајот. При првиот гол Мерле неумешно реагираше пред својот шеснаесетник и го измами својот голман Кох, додека во 30. минута бразилскиот интернационалец Аилтон го постигна вториот гол и го постави конечниот резултат. Со овој пораз Дуисбург остана "закован" на последното место на табелата, со седум бода заостанување од Волфсбург, кој е на 15. место."Знаевме дека ќе биде тешко против Дуисбург бидејќи многу квалитетни екипи овде ги оставија бодовите. Затоа уште од почетокот се фативме за работа, одбраната беше сигурна, а головите ги постигнавме во вистинските моменти. Морам да признаам дека и имавме и среќа, но ја заслуживме", задоволен е стратегот на Хамбургер, Томас Дол.И во борбата за третата позиција на табелата ситуацијата остана статус-кво. Вердер не успеа да ја искористи предноста од играч повеќе на гостувањето кај Волфсбург и освои само бод, а ист беше епилогот и на дуелот меѓу Шалке и Келн, па екипата од Бремен с$ уште има предност од шест бода во борбата за последното место што води во Лигата на шампионите. Дербито на дното, меѓу Ајнтрахт и Мајнц заврши без голови, исто како и средбата меѓу Херта и Борусија Дортмунд, а значајна победа оствари Баер Леверкузен на домашен терен против Борусија Менхенгладбах. ТОМАС ШАФ: Не заслуживме да победиме"Задоволен сум од освоениот бод од овој натпревар затоа што останавме на третото место на табелата, но никако и од играта затоа што долго време игравме со играч повеќе. Немавме многу шанси за гол, така што веројатно не заслуживме да победиме, меѓутоа не го сметам ова за неуспех. До крајот има уште четири кола на кои ќе се обидеме да освоиме колку е можно повеќе бодови", изјави тренерот на Вердер.
ЈИРГЕН КЛОП:Нерешениот резултат е најреален"Мое мислење е дека нерешениот резултат од овој натпревар е најреален резултат бидејќи ниедна од екипите не одигра квалитетно. Имавме неколку обиди, но тие не беа опасни за противничкиот гол, но освоениот бод е успех за нас. Важно е што втор натпревар по ред успеавме да се избориме за нерешен резултат, па опстанокот сега се чини реален за нас", смета шефот на стручниот штаб на Мајнц.
РЕЗУЛТАТИ:БАЕР (Л) - БОРУСИЈА (М) 2:1Ролфс 11', Фриц 84' - Невил 48'БАЕРН (М) - АРМИНИЈА 2:0Балак 69', Шол 73'ДУИСБУРГ - ХАМБУРГЕР 0:2Мерле 24'(аг), Аилтон 30'АЈНТРАХТ - МАЈНЦ 0:0ХЕРТА - БОРУСИЈА (Д) 0:0ШАЛКЕ - КЕЛН 1:1Бајрамовиќ 80' - Подолски 45'ВОЛФСБУРГ - ВЕРДЕР 1:1Христов 23' - Валдес 6'ХАНОВЕР - ШТУТГАРТ 3:3Балич 2', Штајнер 32', Мертесакер 62' - Љубоја 51', Хицлшпрегер 77', Томасон 82'НИРНБЕРГ - К'ЛАУТЕРН 3:2Витек 12', 86', Паулус 62' - Алтинтоп 21', 48'ТАБЕЛА1.Баерн (М) 30 21 6 3 58:25 692.Хамбургер 30 20 5 5 49:22 653.Вердер 30 18 6 6 66:33 604.Шалке 30 14 12 4 41:27 545.Баер (Л) 30 12 8 10 53:44 446.Херта 30 11 11 8 44:37 447.Штутгарт 30 8 16 6 32:30 408.Борусија (Д) 30 9 11 10 37:36 389.Нирнберг 30 10 7 13 39:44 3710.Борусија (М) 30 9 10 11 34:41 3711.Арминија 30 10 7 13 29:37 3712.Хановер 30 7 15 8 38:40 3613.Ајнтрахт 30 8 7 15 37:46 3114.Мајнц 30 7 9 14 40:45 3015.Волфсбург 30 6 12 12 29:48 3016.Кајзерслаутерн 30 7 6 17 41:66 2717.Келн 30 5 9 16 42:61 2418.Дуисбург 30 4 11 15 28:55 23ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:20 гола - Мирослав Клосе (Вердер); 18 гола - Халил Алтинтоп (Кајзерслаутерн); 16 гола - Димитар Бербатов (Баер Л.); 14 гола - Рој Макај (Баерн М.); 13 гола - Михаел Балак (Баерн М.); Еби Смоларек (Борусија Д.);ИДНО КОЛО: (22.04.2006)Арминија - Волфсбург; Борусија (Д) - Нирнберг; Борусија (М) - Херта; Келн -Дуисбург; Мајнц - Баерн (М); Хамбургер - Баер (Л); Кајзерслаутерн - Хановер; Штутгарт - Ајнтрахт; Вердер - Шалке;



ФРАНЦИЈА - 35. КОЛО
Оваа генерација на Лион си обезбеди место во историјата на францускиот фудбал откако успеа да дојде рекордната петта титула по ред. Доминантна екипа во Франција во петте последни сезони со ова и се приклучи на елитната група од само четири тима кои се единствените кои своиле пет титули по ред во големите европски првенства. Претходно тоа им успеа на Јувентус (1931-35), Торино (1943-49) и Реал Мадрид (1961-65 и 1986-90). "Горд сум на нашата константност. Она што ја Ќе го запамтам од оваа сезона е тоа што досега загубивме на само четири средби", изјави тренерот на Лион Жерар Улие, кој ја продолжи шампионската серија која пред него од клупата ја запожна Жак сантини, а продо1и со три трофеи под водство на Пол Ле Гвен. Од овој состав на Лион Купе, Касапа, Гову и Жунињо учествуваа во освојувањето на сите пет титули. Целата работа на Лион, всушност, ја заврши Лил, кој во борбата за Лигата на шампионите со Бордо славеше со 3:2. Домашниот тим направи предност од два гола уште во шестата минута од средбата, а натпреварот го одбележаа низа чудни судиски одлуки (два поништени гола и неколку погрешни проценки на помошните судии за офсајд). Во судиското продолжение, Лил можеше и да го зголеми своето водство, но двократниот стрелец, Петер Одемвинге, промаши пенал. Со оваа победа, Лил ја продолжи борбата за третото место на табелата со Рен, но и се доближи на три бода до Бордо, кој во моментов е на второто место.Најубедливата победа во ова коло ја оствари Олимпик Марсеј, кој ја потврди одличната форма во последно време и со шест гола во мрежата го испрати Нанси. Стрелците на овој натпревар убаво се распоредија. Најпрвин, два гола постигна Мамаду Нианг, продолжи Тофилу Маулида со уште два, а печат на убедливиот триумф стави Микаел Пажис со петтиот и шестиот гол. Стразбур освои бод на гостувањето кај Сошо, но тоа тешко дека ќе му помогне на овој тим да го спаси прволигашкиот статус, имајќи предвид дека има седум бода помалку од Троа, која е прва екипа во безбедната зона.ЖАН ФЕРНАНДЕЗ:Наш најдобар натпревар сезонава"Презадоволен сум од играта на моите фудбалери, особено во нападот и слободно можам да кажам дека ова беше нашиот најдобар натпревар сезонава. Ни преостануваат три меча до крајот на сезоната, од кои два се на гости, така што сигурно е дека ќе ни биде многу тешко да ја оствариме целта и да обезбедиме пласман во Купот на УЕФА. Сега сме во еуфорија по убедливата победа, но уште утре треба да почнеме со подготовките за полуфиналето од Купот на УЕФА", изјави стратегот на Олимпик Марсеј.РИКАРДО:Потребни ни се три победи до крајот"Им ја честитам новата шампионска титула на фудбалерите на Лион и им посакувам многу среќа идната сезона на сите полиња. Ако сакаме да им се придружиме во Лигата на шампионите, ќе треба да победиме најмалку три од нашите четири натпревари до крајот на сезоната, иако знаеме дека нема да биде воопшто лесно бидејќи имаме пад во формата и во последните три кола освоивме само еден бод. Денеска Лил заслужено н$ совлада, беше подобар противник, а ние ќе треба да видиме каде грешевме и да ја поправиме играта", смета шефот на стручниот штаб на Бордо.РЕЗУЛТАТИ:ЛИЛ - БОРДО 3:2Бодмер 1', Одемвинге 6' и 32' - Даршевил 16' (п); Фобер 63'ЛЕ МАН - МОНАКО 0:0ОЛИМПИК (М) - НАНСИ 6:0Нианг 11' и 34', Маулида 52' и 65', Пажис 88' и 90'НАНТ - ОКСЕР 3:2Олиех 6', Сето 68', Фае 85' - Акале 60', Каленберг 67'СОШО - СТРАЗБУР 1:1Илан 80' - Фарнеру 87'СЕНТ ЕТЈЕН - ЛЕНС 2:0Сабл 1', Пикионе 37'ТРОА - АЈАЧИО 3:0Турен 35', Фаје 42', Бангура 62'НИЦА - РЕНПСЖ - ЛИОНТАБЕЛА:
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:20 гола - Педро Паулета (ПСЖ); 12 гола - Даниел Кузен (Ленс); 11 гола - Петер Одемвинге (Лил); Силвен Вилтор (Лион); Илан (Сошо); 10 гола - Пеги Пуиндула (Оксер); Џон Утака (Рен);ИДНО КОЛО: (29.04.2006)Троа - Тулуз; Стразбур - Нанси; Рен - ПСЖ; Монако - Нант; Мец - Сошо; Лион - Сент Етјен; Ленс - Лил; Бордо - Ле Ман; Оксер - Олимпик (М); Ајачио - Ница;



httpool_src = 'http://hadrian.httpool.com/js.ng/site=mksport&targetsite=mksport&AdSize=468x60&PagePos=1';
now = new Date();
var ran = "" + now.getTime();
document.write ('');





"НЕРОАЗУРИТЕ" ГО ВРАЌААТ НАЗАД ЕКС-ГОЛМАНОТ
Фреј во Интер, Фиорентина по Бартез
Последните информации кои ги објавија италијанските медиуми се дека Интер ќе се обиде да го врати на својот гол Себастијан Фреј, а Фиорентина како негова замена се очекува да го ангажира ветеранот Фабијан Бартез. 26-годишниот Фреј, кој пропушти голем дел од сезоната поради тешка повреда на коленото, не крие дека сака да остане на Артемио Франки. Но Интер се надева дека ќе успее да го убеди да се врати во клубот кој му даде шанса да дебитира во Серија "А". Тренерот на "нероазурите" Роберто Манчини е во потрага по нов квалитетен голман, откако сезонава ги менуваше на голот Жулио Цезар и Франческо Толдо незадоволен од формата и на двајцата. Од друга страна Фиорентина не е задоволна од засилувањето од Ајакс Богдан Лобонт и затоа сака да дојде до искусниот Бартез, кој би можел да се пресели кај нив како слободен фудбалер бидејќи договорот со Олимпик Марсеј му истеквуа на лето.

настапи на македонските интернационалци во странство

*Нашиот најдобар фудбалер за прва во Серија А даде два гола на еден меч и му донесе значајна победа на ЛациоИталија 34.колоГоран Пандев (Лацио - Ливорно 3:1) во својот 54. меч во Серија А за првпат беше стрелец на два гола. Струмичанецот повторно одигра перфектна партија во дресот на Лацио, а негова нова жртва беше мрежата на Ливорно. Пандев во 56. и 72. минута ја матираше одбраната на гостите и му донесе нова победа на својот тим кој има големи шанси да се избори за место во Купот на УЕФА."Мојата желба се исполни на 4 кола пред крајот на сезоната. Сега со овие два гола имам вкупно 10. Најважно е тоа што играм добро, но и тоа што за првпат давам два гола на еден меч во Серија А", вели Пандев, кој во 56. минута со глава зголеми на 2:1, додека во 72. минута од петерецот."Сега на ред е Јувентус. С$ ќе сторам да му дадам гол и на шампионот на Италија", е желбата на Пандев, кој по мечот летна на кус одмор во Загреб кај негвиот брат Сашко, кој е член на Динамо. По 34 одиграни кола Лацио се наоѓа на 6. место со 52 бода или еден пред Киево во битката за Купот на УЕФА. Во медимите во Италија Пандев ги окупира спортските страници. Во интервју за "Газета" тамошните медиуми го прашуваат за понудата од Вердер на што тој одговара:"Задоволен сум од тоа што дадов два гола. Сакам да останам во Лацио затоа што тука ми е добро. Шпекулациите за Вердер се од Германија. Тука има уште 4 кола, а потоа ќе се знаат сите работи". Русија 5. колоВеличе Шумуликоски (Зенит - Луч Енергија 3:1) настапи до 88. минута за домаќините, кои според очекувањата дојдоа до трите бода со кои се искачија на 6. место со 7 бода, но и меч помалку од конкурентите, кои имаат само три бода предност. На овој меч во комбинација не беше Драган Чадиковски. Австрија 32. колоИлчо Наумоски (Матерсбург - ГАК 1:0) во последните секунди од мечот беше заменет, а неговиот тим со гол во 89. минута дојде до победата. Наумоски во 34. и 52. минута во добри шанси да ја тресе мрежата на неговиот екс клуб, но малерот продолжува и нашиот млад шпиц с$ уште нема погодок цела пролет. Со овие 3 бода Матерсбург речиси го осигура опстанокот. Турција 30. колоГоран Мазнов (Трабзон - Дијарбакир 3:0) и негопвиот тим два дена играа против Трабзон. Во саботата средбата беше прекината во 67. минута поради дефект на рефлекторите, а нашето трио Мазнов, Седлоски и Ставревски беа на клупата. Средбата продолжи вчера од 11 часот и во тие преостанати минути настапи само Мазнов, а Трабзон даде уште два гола. По овој пораз Дијарбакир се врати на последната позиција со само теоретски шанси за опстанок во лигата. Хрватска 27. колоИгор Кралевски (Хајдук - Динамо 1:0)по два месеци се врати во составот на Хајдук и тоа во вистинско време за вечното дерби. Хајдук за првпат во оваа сезона & се радуваше на победата над вечниот ривал, а Кралевски бил одличен во одбраната на сплитските "били". Сепак, и покрај овој триумф Хајдук е далеку од битката за титулата. Јане Николоски и неговиот Славен Б. славеа со 3:0 над Загреб и ги зголемија шансите за опстанокот во лигата. Грција 27. колоВанче Шиков (Калитеа - Ксанти 2:1) беше во тимот на гостите и одигра 90 минути. Шиков и неговите соиграчи одиграа лош меч и загубија од последнопласираниот клуб во Грција и со тоа ги намалија шансите за место во Купот на УЕФА.Зоран Мисердовски по вторпат во оваа сезона дава гол за Каламата, која со 2:0 славеше над Хаидари. Драган Начевски со 2:0 го победи Ѓоко Хаџиевски и неговата Касторија, која е поразена со 2:0 од Ерготелис на гости. Белгија 31. колоАцо Стојков (Ла Лувиер - Бриж 0:1) доби шанса од 53. минута и по три кола се враќа во составот на Ла Лувиер. Нашиот голгетер со три обиди да го израмни резултатот, но не се запиша во листата на стрелците, а фаворитот со минимален резултат ги однесе бодовите. Унгарија 23. колоАлександар Бајевски (Ференцварош - Ујпешт 1:2) настапи од самиот старт на мечот, а во 19. минута врз него е направен прекршок за пенал по кој домаќините дојдоа до 1:0. Она што е интересно за овој меч е тоа дека во судиското продолжение паднаа два гола со кои гостите направија пресврт и останаа во трка за титулата, а во тие мигови беа доделени дури три црвени картони од кои еден за Ференцварош и два за Ујпешт. По овој пораз тимот на Бајевски падна на шестата позиција. Украина 26. колоБобан Грнчаров (Металург Д. - Кривбас 3:2) настапи од 58. минута за домаќините и настапи за својот тим по подолга пауза. Екипата од Доњецк со новите 3 бода остана во трка за 4. место. Дарко Тасевски (Закарпати - Металург З. 0:2) ги одигра сите 90 минути и со оваа победа неговиот тим го осигура опстанокот во лигата. На овој меч од 44 минута настапил Масев но поради повреда тој играл само до 75 минута. Кипар 24. колоВлатко Грзодановски (Аполон - Омонија 0:0) настапи до 74. минута во големото дерби во кое неговиот тим остана непоразен на гостувањето и ја продолжи неизвесноста во битката за титулата. Омонија сега е трета, а првата позиција ја делат Аполон и Апоел.Реми ова коло и за Петар Милошевски, чиј Енозис одигра 2:2 на домашен терен проив Дигенис. И. Д. Ивановски Бундеслига 30. колоВасоски - Новески 0:0Дуелот на екипите во кои играа еден против друг Александар Васоски и Николче Новески заврши без голови со што двете екипи ги зголемија шансите за опстанокот во лигата по "киксот" на Кајзерслаутерн. По вторпат во оваа сезона Ајнтрахт и Мајнц не дадоа победник во меѓусебните средби, а за домаќините со капитенската лента на голот беше Ока Николов. Словенија 26. колоТреневски го "легна" МариборВиктор Треневски (Драва - Марибор 3:2) во 80. минута при резултат 2:2 ја погоди мрежата на фаворизираниот гостин од слободен удар. Неговиот шут од 20 метри донесе голема победа на тимот чиј тренер е нашиот Милко Ѓуровски. За Треневски ова беше 11. гол во оваа сезона со кој изби на 4 место на листата најдобри стрелци во Словенија. Треневски иако има 33 години, игра во извонредна форма и е најдобар играч на Драва, која сега по 26 кола направи скок на 7. позиција со 33 бода или 3 помалку од Публикум на Никола Илиевски - Џиџи, кој во ова коло на домашен терен загуби со 0:2 од Копер.
РАЗЛИЧНА СУДБИНА НА БРАЌАТА ПОПОВИРоберт се врати, Горан ќе паузираПо 5 месеци пауза Роберт Попов одигра официјален меч за Литекс. Тој во саботата настапи од 75. минута за тимот од Ловеч, а по само 5 минути игра врз него е направен прекршок за пенал по кој Литекс успеа да даде гол и да ги освои бодовите и да се пробие на третата позиција. Литекс ја победи Родопа, а Роберт ја победи долгата пауза поради проблемите со тетивата на десната нога. И додека Роберт заздрави неговиот помлад брат Горан се соочува со проблеми поради повреда. Дефанзивецот на грчкиот тим Егалео при настапот за репрезентацијата до 21 година го повреди коленото и се соочува со неколкумесечна пауза. Во Бугарија Локомотив со Халими и Петров од стартот одигра 0:0 на гости кај Черно Море, а во вториот дел настапи и младиот Зоран Златковски. Сензација направи Беласица, која со Зекирија Рамадан во дефанзивната линија и Стевица Кузмановски како тренер од клупата славеше со 0:1 на гости кај Локо Софија. Швајцарија 30. колоАце Митрески со црвен картон Поради втор жолт картон во 84. минута Александар Митрески не го дочека крајот на средбата Шафхаузен - Грасхопера на која неговиот тим како госин си замина со бод. Грасхоперс имаше 0:1, но остана без Митрески, а потоа во 90. минута Шафхаузен го израмни резултатот.Со овој бод Грасхоперс остана на 3. место кое води во Купот на УЕФА. Денеска, во 15 часот Мирсад Мијадиновски со Сион го игра финелето во Купот на Швајцарија против Јанг Бојс.

Thursday, April 13, 2006

интер се продава

Сопственикот на Интер, Масимо Морати, во интервју за Ла Газета дело Спорт ја шокира цела фудбалска јавност откако објави дека е подготвен да го продаде клубот на секој што смета дека ќе биде подобар од него."Веднаш ќе го продадам Интер. Ако има такви што мислат дека можат да ја вршат таа работа подобро од мене нека се јават и нека го превземат," изјавил Морати во интервјуто.Аналитичарите ja проценуваат вредноста на клубот помеѓу 350 и 400 милиони евра а како најсериозен купувач се споменува Франко Балдини, некогашниот генерален директор на Рома. Балдини веќе разговарал со претседателот на Интер за можното превземање а веќе се шпекулира и со имињата на Чезаре Прандели и Фабио Капело како можни идни тренери на екипата.Морати го купи Интер во 1995-та за 50 милијарди лири од тогашниот сопственик Ернесто Пелегрини. Неговиот прв потег беше носењето на тогашната златна копачка Дарко Панчев за 14 милијарди лири. Иако за време на неговото владеење се вложени најмногу пари во играчи и тренери, за 11-те години Интер освои куп на Италија (2004/05), Супер куп на Италија (2004/05) и куп на УЕФА (1997/98).На фудбалски план Морати има статус на главен лузер и најголем баксуз, кој и покрај сите напори никако не можеше да им се придружи на Милан и Јувентус.

НОВОСТИ

Костиќ и Адо со отказ од Вардар
* "И покрај неоспорната биографија, и вчера но и низ целокупниот тренажен процес претходно Адо не не убеди во своите квалитети па затоа и беше изоставуван од составот", вели Канатларовски.Двете најзвучно најавени засилувања во редовите на "црвено-црните" во зимскиот преоден рок, поранешните репрезентативци на СЦГ и Гана, Владан Костиќ односно Даниел Адо, откако објективно не ги задоволија вкусовите на комплетниот стручен штаб на Вардар во наредниве денови од страна на управата на клубот ќе бидат ослободени од обврските.Последната шанса да го убеди шефот на стручниот штаб, Драган Канатларовски, во своите биографски квалитети Адо ја имаше на вчерашната тест средба на првотимците на Вардар со младинскиот погон на клубот, но успеа само уште еднаш да ја потврди исправноста на одлуката на Канатларовски да го изостави од составот на претходните првенствени дуели. Адо, и покрај неоспорно "силното" фудбалско минато, и на вчерашниот контролен натпревар покажа дека е далеку од она што вистински му е неопходно на нашиот најтрофеен клуб на средината на теренот. Објективно не ги оправда очекувањата па неговото заминување, без ниту една одиграна официјална минута за Вардар, беше неизбежно."И покрај неоспорната биографија, и вчера но и низ целокупниот тренажен процес претходно Адо не не убеди во своите квалитети па затоа и беше изоставуван од составот. Во генералната стратегија на клубот сигурно во иднина предност ќе имаат нашите млади фудбалери кои се иднината и на Вардар но и на македонскиот фудбал воопшто", е ставот на Канатларовски.Слична е приказната и со интернационалецот од СЦГ, Владан Костиќ, кој за "црвено-црниот" состав одигра 45 минути на натпреварот против Македонија ЃП, но истотака апсолутно неубедливо. Костиќ поради болест вчера не го одигра натпреварот со младинците меѓутоа се поизвесно и неговото враќање во СЦГ.В.Булатовиќ ПРВОТИМЦИТЕ ПОДОБРИ ОД МЛАДИНЦИТЕ ЗА ТРИ ГОЛАНухији и Мишковски - стрелаатАрбен Нухији на двапати и Ненад Мишковски беа стрелци за првиот тим на "црвено-црните" кои вчера со 3:0 ги совладаа своите помлади колеги од клубот, на тест средбата која се одигра на помошното игралиште покрај Градскиот стадион.Поголемиот дел од фудбалерите кои го "носат товарот" во пролетниот дел од сезоната вчера го одработија само претпладневниот тренинг, а на дуелот со младинците настапија: Здравковиќ, В. Димитровски, Бранковиќ, Мишковски, Ѓурчевски, Бандулиев, Деилсон, Адо, Нухији, Глигоровски и Каптиев.Во текот на средбата полесен тренинг одржаа Вучина Шчепановиќ и Ертан Демири, кои по повредите, полека се враќаат со активните подготовки


Македонските "проектили" - незапирливи

Стадион: "Стад де ла Фронтиер" во Еш. Гледачи: 625. Главен судија: Алексеј Кумбаков. Помошници: Вјачеслав Биков и Станислав Савицки (сите од Белорусија).


ЛУКСЕМБУРГДидерих Де СоусаКинцифер Шнел * Ленен Хофман Муч ** Муховиќ ЈоакимКитене*** Милак 46' Колет62' Бинсфелд73' Саграмола
МАКЕДОНИЈАМаџоскиТодоровски ***ШиковСелими Попов *ОсманиБајрамиМитревБрњарчевскиТричковскиСавиќ **Неџипи 37'Тонев 56'Костовски 73'



Стрелци: Бајрами 20', Шиков 49' и Неџипи 70' (М).Македонската репрезентација до 21 година си обезбеди место во квалификациската група 11 за пласман на Европското првенство, каде ја очекуваат Шведска и Данска откако синоќа ја "торпедираше" соодветната селекција на Луксембург совладувајќи ја со 3:0.Очигледна беше разликата во класи меѓу двата состави, па на сите присутни на стадионот во Еш уште од самиот почеток им беше јасно дека прашање е само со колкава разлика ќе победи македонската селекција. Избраниците на Роланд Шак во ниту еден сегмент од играта не можеа да им се спротистават на расположените фудбалери кои дојдоа од јужниот дел на Балканскиот полуостров. Македонија ги имаше Тричковски, Савиќ, Османи, Неџипи кои демонстрираа европски фудбал и сосема заслужено без сомнение ќе ги продолжат натпреварите во квалификациите. Домашните фудбалери може да бидат среќни што мрежата на нивниот голман Дидерих не беше и дополнително "наполнета".Репрезентацијата на Луксембург и пред самиот натпревар важеше за аутсајдер меѓутоа мора да се признае дека домашната спортска јавност очекуваше посилен отпор. Како и да е, приказната околу овој двомеч е веќе завршена а реванш натпреварот во Прилеп ќе биде иста формалност. Минута по минута...0:1 - 20' - Брза акција на средината од теренот по која Бајрами со извонреден удар од 25 метри го совлада Дидерих.26' - Савиќ со глава преку голот на домашните.27' - Попов во одлична можност за погодок но шутира директно во домашниот голман.29' - Убава акција на Тричковски и Савиќ меѓутоа вториов шутира покрај голот.39' - Неџипи излегува осамен пред Дидерих меѓутоа голманот на Луксембург одлично интервенира.0:2 - 49' - Шиков од слободен удар од околу 20. метри испраќа вистински неодбранлив проектил кон домашниот гол.0:3 - 70' - По една соло акција Неџипи постигнува евро гол совладувајќи го Дидерих со удар од околу 20 метри.78' - Продор на Митрев кој од 15 метри шутира меѓутоа Дидерих спасува уште еден гол во сопствената мрежа.
МИРСАД ЈОНУЗ:Можевме да ги "наполниме""Како што и реков по ждрепката, дека ќе победиме, ние навистина победивме. Мислам дека со овој триумф од 3:0 веќе го решивме во нашата корист учеството во групата со Шведска и Данска. Што се однесува до самиот натпревар, во првите 5-10 минути ја немавме контролата на теренот, како да се 'баравме'. Но како што одминуваше времето с$ си дојде на своето место. Фактот дека ова е нова селекција, исто така фактот дека пред натпреварот не можевме да сметаме дури на шестмина репрезентативци мораме да бидеме задоволни како од играта така и од резултатот. Во финишот на мечот бевме толку доминантни што можевме фудбалски кажано да ги 'наполниме'", изјави веднаш по натпреварот селекторот на нашите надежи. Попов со повреда на менискусотГоран Попов во 37. минута поради повреда мораше предвреме да го напушти теренот. Според првичните информации од Еш, станува збор за повреда на менискусот. Сепак, дефанзивецот на нашата млада репрезентација не се знае колку ќе отсуствува од фудбалските терени.


Челзи со три номинации


Шампионот Челзи доби најмногу номинации во изборот за фудбалер на годината во Англија. Минатогодишниот победник Џон Тери повторно е на листата, а од неговите соиграчи друштво му прават Френк Лампард и Џо Кол. Капитенот на Ливерпул, Стивен Жерард, и асот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни исто така се на листата. Двојниот освојувач (2003 и 2004) Тиери Анри е единствениот странец кој се наоѓа меѓу номинираните. Со оглед на тоа што има само 20 години Руни е во конкуренција и за наградата за млад фудбалер на годината, која ја освои минатата сезона. Нему друштво му прави соиграчот Кристијано Роналдо. На тандемот од Олд Трафорд конкуренција за оваа награда им се Арон Ленон (Тотенхем), Антон Фердинанд (Вест Хем), Дарен Бент (Чарлтон) и Цеск Фабрегас (Арсенал). Прогласувањето на победниците ќе се случи на 23 април во Лондон на гала церемонијата во хотелот Гросвенор Хаус.


Меси го пропушта првиот дуел со Милан


Младиот фудбалер во тимот на Барселона, Лионел Меси, најверојатно, ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со Милан бидејќи ја обнови повредата на бутниот мускул на десната нога. Аргентинскиот плејмејкер нема да може да тренира додека сосема не заздрави, соопшти каталонскиот клуб. Меси не играл за Барселона од 7 март и натпреварот со Челзи, кога за првпат се повреди, а од каталонскиот гигант потврдија дека нема да биде во тимот ниту на утрешниот натпревар со Виљареал од Примера.Иако има само 18 години, Лионел Меси уште сега е важен дел од репрезентацијата на Аргентина и очекува да биде на списокот на Хозе Пекерман за Светското првенство во Германија, кое почнува на 9 јуни. "Гаучосите" на Мундијалот ќе бидат во иста група со Србија и Црна Гора, Холандија и Брегот на Слоновата Коска. Инаку, првиот натпревар Милан и Барселона го играат во вторник на Сан Сиро, додека реваншот е на 26 април на Ноу Камп.


Јуве тргна по Барзаљи и Пасквал


Јувентус ќе ја засилува својата одбрана во текот на летниот преоден рок, а нивниот избор падна на Мануел Пасквал и Андреа Барзаљи. Извршниот директор на Јуве, Лучјано Моџи, веќе работи на нивните трансфери. Левиот бек на Фиорентина, Пасквал, летово дојде на Артемио Франки од Арецо, клуб кој поседува половина од неговите права. Јуве веќе работи на тоа да го откупи делот на Арецо, а Фиорентина ќе се убедува со понудата да избира меѓу Бласи и Киелини. "Виолетовите" не кријат дека се заинтересирани за Бласи, а Киелини минатата сезона играше одлично за нив и токму Пасквал е негова замена.Палермо вчера порача дека нема намера да ги продава своите најдобри фудбалери, но се верува дека Јуве од порано ја има првата опција за Барзаљи. За неговите услуги Јуве ќе го понуди напаѓачот Фабрицио Миколи, кој е позајмен во Бенфика, а ако тоа не е доволно ќе го додадат и Никола Легротаље, кој сезонава игра за Сиена.


Хидинк, и официјално, селектор на Русија
Руската фудбалска федерација вчера и официјално потврди дека по завршувањето на Светското првенство во Германија, ова лето, Гус Хидинк ќе ја преземе репрезентацијата на оваа земја. Со тоа Русите ставија крај на сагата за иднината на холандскиот стручњак, кој последните неколку месеци беше поврзуван со неколку екипи и репрезентации од целиот свет. Хидинк од порано најави дека по Мундијалот ќе се повлече од селекторската функција во австралискиот национален тим и од тренерското место во ПСВ Ајндховен, кој веќе ја одбрани шампионската титула во Холандија. Русија не избори пласман на првенството, кое почнува на 9 јуни, додека Австралија ќе учествува, за првпат по пауза од 32 години. Руската федерација соопшти дека Хидинк ќе дојде утре во Москва за официјално да биде промовиран пред јавноста во оваа земја, а соработката со него ќе трае две и пол години. "Вредно работевме за да пронајдеме кандидат за ова место. Се сретнавме со многу стручњаци, вклучувајќи и неколку од Русија, но на крајот, сепак се одлучивме за Гус Хидинк", изјави претседателот на Федерацијата, Виталиј Мутко.За првите две години Холанѓанецот ќе добие два милиони евра, додека ако двете страни бидат задоволни, договорот може да биде продолжен до 2010 година.


Бент побара шанса од Ериксон
Напаѓачот на Чарлтон, Дарен Бент го повика селекторот на англиската репрезентација, Свен Горан Ериксон, да му даде шанса во националниот тим на претстојното Светско првенство во Германија. Младиот фудбалер смета дека заслужува да добие повик во "Гордиот албион" заради тоа што досега оваа сезона постигна 20 гола во рамките на Премиер-лигата и англиските купови за својот Чарлтон. Ако се знае дека с$ уште е неизвесна рехабилитацијата на Мајкл Овен, 22-годишниот голгетер е убеден дека тој би бил идеална замена за него. Поддршка за ова Бент доби и од својот менаџер Алан Карбишли, кој се спомнува како еден од кандидатите за наследници на Ериксон на селекторската функција."Очигледно е дека англискиот национален тим има проблеми во нападот, така што единствен начин да се обезбеди место е да се постигнуваат голови. Сметам дека заслужив шанса да се најдам во репрезентацијата, особено заради повредата на Мајкл Овен. До почетокот на Светското првенство има уште неколку подготвителни натпревари, така што може да се променат некои работи", изјави младиот фудбалер.

И ЗА КРАЈ ЕВЕ ГИ ФУДБЛСКИТЕ ДВОЈКИ СИТЕ ПОИНТЕРЕСНИ ЛИГИ ВКЛУЧУВАЈКИ ЈА И МАКЕДОНСКАТА ЛИГА

МАКЕДОНСКА
Шкендија 79
Влазрими
16.04 15:00
Башкими
Победа
16.04 15:00
Беласица Г.Ц.
Македонија Ѓ.П.
16.04 15:00
Ренова
Вардар
16.04 15:00
Цементарница 55
Работнички К
16.04 15:00
Силекс
Брегалница К
16.04 15:00

ПРЕМИЕР


Portsmouth
Arsenal
(0:1) 1:1
Man. Utd.
Sunderland
14.04 20:45
Bolton
Chelsea
ТВ 15.04 13:45
Everton
Tottenham
15.04 16:00
Fulham
Charlton
15.04 16:00
Newcastle
Wigan
15.04 16:00
Portsmouth
Middlesbrough
15.04 16:00
West Ham
Man. City
15.04 16:00
Arsenal
WBA
ТВ 15.04 16:00
Aston Villa
Birmingham
16.04 13:00
Blackburn
Liverpool
ТВ 16.04 15:30

БУНДЕС ЛИГА


Bayern
Bielefeld
15.04 15:30
Frankfurt
Mainz
15.04 15:30
Duisburg
Hamburger
15.04 15:30
Wolfsburg
Werder
15.04 15:30
Hertha
Dortmund
15.04 15:30
Leverkusen
Monchengladbach
15.04 15:30
Schalke
Koln
15.04 15:30
Nurnberg
Kaiserslautern
16.04 17:30
Hannover
Stuttgart
16.04 17:30

СЕРИЈА А


Milan
Inter
14.04 18:00
Cagliari
Juventus
15.00 15:00
Chievo
Messina
15.00 15:00
Empoli
Siena
15.00 15:00
Lazio
Livorno
15.00 15:00
Lecce
Udinese
15.00 15:00
Palermo
Roma
15.00 15:00
Reggina
Ascoli
15.00 15:00
Sampdoria
Parma
15.00 15:00
Treviso
Fiorentina
15.00 15:00

ПРИМЕРА ДИВИЗИОН


Barcelona
Villarreal
14.04 20:30
Mallorca
Alaves
15.04 18:00
Sociedad
Santander
15.04 20:00
La Coruna
Sevilla
15.04 22:00
Betis
Celta
16.04 17:00
Osasuna
Malaga
16.04 17:00
Valencia
Espanyol
16.04 17:00
Zaragoza
Cadiz
16.04 17:00
Getafe
Real M.
16.04 19:00
Atl. Madrid
Ath. Bilbao
16.04 21:00

ФРАНЦИЈА


Toulouse
Metz
14.04 20:00
Lille
Bordeaux
15.04 17:15
Sochaux
Strasbourg
15.04 20:00
St. Etienne
Lens
15.04 20:00
Nantes
Auxerre
15.04 20:00
Le Mans
Monaco
15.04 20:00
Marseille
Nancy
15.04 20:00
Troyes
Ajaccio
15.04 20:00
Nice
Rennes
16.04 18:00
PSG
Lyon
16.04 21:00

ХОЛАНДИЈА


Den Haag
Sparta
16.04 14:30
Utrecht
Willem II
16.04 14:30
Feyenoord
Roosendaal
16.04 14:30
Twente
Groningen
16.04 14:30
Vitesse
NEC
16.04 14:30
Heerenveen
AZ Alkmaar
16.04 14:30
NAC Breda
PSV
16.04 14:30
RKC Waalwijk
Ajax
16.04 14:30
Roda
Heracles
16.04 14:30

БЕЛГИЈА


Anderlecht
Westerlo
14.04 20:30
Genk
Lierse
15.04 20:00
Gent
Charleroi
15.04 20:00
Germinal
St. Truiden
15.04 20:00
Moeskroen
Roeselare
15.04 20:00
Cercle Brugge
Beveren
15.04 20:00
La Louviere
Brugge
16.04 18:00
Standard
FC Brussels
16.04 20:30
Zulte-Waregem
Lokeren
16.04 20:30

И НОРМАЛНО ЛИГА НА ШАМПИОНИ И КУП УЕФА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Milan - Barcelona
18.04 20:45
Villarreal - Arsenal
19.04 20:45

КУП УЕФА

Schalke - Sevilla
20.04 20:45
Steaua - Middlesbrough
20.04 20:45

Wednesday, April 12, 2006

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ГЕРМАНИЈА


Финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, што ќе се одржи на 9 јули во Берлин, ќе биде одиграно со топка со златна боја, а репрезентацијата што ќе ја освои титулата шампион наредните четири години сите натпревари ќе ги игра со таква топка, објави денеска лондонскиот весник "Тајмс". На претстојниот Мундијал во Германија, прв пат од 1994 година, фудбалерите на сите натпревари до финалето ќе играат со топка со црно-бела боја. Авторот на топката, познатиот светски производител на спортска опрема "Адидас", наведува дека се одлучил на таков дизајн на топка бидејќи станува збор за "традиционална германска боја". Портпаролот на "Адидас", Ане Пуц истакна дека топката со која ќе се одиграат натпреварите на Светското фудбалско првенство во Германија, е наречена "Тимгајст". На претходното Светско првенство во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја натпреварите се одиграни со топка украсена со симбол на оружје, што се користи во боречките вештини. Последниот шампионат на кој топката не била украсена со никаков логотип е одигран во 1966 година во Англија, кога титулата првак ја освои домашната репрезентација.


ВАСОВСКИ НАЈДОБАР НА ВЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ФРАНКФУРТ И АРМЕНИА БИЛЕФИЛД Е ОЦЕНА НА ПОВЕЌЕТО ГЕРМАНСКИ ВЕСНИЦИ ВАСОВСКИ ГО ДОНЕСЕ ФРАНКФУРТ ВО ФИНАЛЕТО КАДЕ ФРАНКФИРТ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ИЗЛЕЗ ВО ЕВРОПА (КУП НА УЕФА)

НЕШТО ЗА ПОЧЕТОК КАКО ИНФОРМАЦИИ


Златан ИбрахимовичЧелзи си го обезбеди првото засилување за следната сезона. За сума од 56 милиони долари екипата на Роман Абрамович следната сезона во своите редови ќе го има Златан Ибрахимовиќ од Јувентус. Швеѓанецот, според последните вести, ќе има заработка од 7 милиони долари на годишно ниво.Филип Коку35-годишниот фудбалер на ПСВ Ајндховен, Филип Коку, потврди дека по завршувањето на СП во Германија ќе ја заврши својата репрезентативна кариера. Коку досега има 95 настаи за „лалињата“, а се почесто се соочува и со повредите кои можат предвреме и да го пензионираат од фудбалските терени.РАУЛАнглиски Мирор денеска пишува дека Рафа Бенитез ќе направи се летово да го обезбеди Раул од Реал (М) како засилување за Ливерпул. Во 1990 година Бенитез го тренираше Раул во вториот тим на Реал па во него сега гледа решение за Сисе, Мориентес и Фаулер кои летово со сигурност нема да бидат повеќе на списокот на шпанскиот стручњакЖерар УлиеАвстралија настојува да го постави Жерар Улие за нов селектор на оваа репрезентација по СП во Германија. Улие има одлични односи со луѓето од австралиската федерација, па оттука многу веројатно е дека тој би бил наследникот на Хидинк, кој вчера потврди дека заминува на кормилото на рускиот национален тимКОЛИграчот на арсенал Кол не сака да го продолжи договорот со арсенал откако овие му понудиле пет илјади фунти неделна плата помалку од неговиот претходен договор. Инаку за него се интересираат ливерпул и реал м.Киву и МексесИграчот од рома кој е мој омилен им не размислува да го продава Киву изјави Спалти откако излегоа шпекулации дека од наредната сезона Киву ке му се приклуци на Касано во реал м. . А се шпекулира и дека мексес ке оди во ливерпул од наредната сезона.ГОРАН ПАНДЕВМАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ГОРАН ПАНДЕВ МОЖЕ ЌЕ ОДИ ВО ВЕРДЕР ОД НАРЕДНАТА СЕЗОНА. ОВА ГО ПРОЧИТАВ ВЧЕРА ВО МАК СПОРТ ЗА СУМА ОД 4 МИЛИОНИ ЕВРА ОВА ЌЕ БИДЕ ИЗВОНРЕДНА ШАНСА ДА СЕ ПОКАЖЕ НАШИОТ НАЈДОБАР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ДОКОЛКУ ОТИДЕ ВО ВЕРДЕР ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАМЕ ОД ДОГОДИНА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ И ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДААТ СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ФУДБАЛОТ ОД МАКЕДОНИЈАПС:ОСТАНАА УШТЕ 59 ДЕНА ДО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ГЕРМАНИЈА 2006